Дом и семејство
Вики откри голема тајна за бракот со Ташко: Ова никој не го знаеше- нема да верувате кој се обиде да им ја уништи среќата
Неговите родители се противеле на бракот...
Бракот на Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ-Ташко трае долго и успеа да ги преброди сите предизвици, но од многуте препреки кои ги дочекаа во минатото, уште на самиот почеток на врската, постоеше ризик родителите да бидат пречка за опстанок на оваа љубов.
Сепак, познатата пејачка успеала да изгради семејно гнездо со сопругот и нивниот син Андреј, но во една прилика откри што би можело да биде поинаку доколку не се бореле за љубов.
Имено, на бракот на Вики Миљковиќ блиските не гледаа како љубов која би можела да опстане. Како што еднаш изјави пејачката за магазинот „Story“, токму нејзините родители, особено родителите на нејзиниот сопруг биле против таа врска.
– Потекнувам од строго семејство кое не сакаше да ја продолжам врската со Ташко, а притоа родителите на мојот сопруг со своите ставови само ја влошија ситуацијата. Иако бевме млади, тој имаше дваесет и две, а јас немав ни деветнаесет, решивме да се бориме. Морам да признаам дека расколот траеше долго, но преживеавме благодарение на силата на нашата љубов. Дури после долго време се подобрија односите меѓу нашите семејства – откри фолкерката.
Бракот на Вики Миљковиќ, сепак, денес е еден од постабилните на јавната сцена.
– Најчесто се караме поради некој друг. Бидејќи според мене сите се добри, јас често се наоѓам во улога на бранител, а Драган обвинител и така се расправаме. Но, тоа не трае повеќе од пет минути бидејќи ниту тој ниту јас не можеме да издржиме долго да бидеме лути. Никогаш не сме легнале скарани и бараме решение за што побрзо да се помириме. Најчесто прва попуштам, иако нема правила. Одамна сфативме дека играме во ист тим и дека во љубовта нема гордост – изјави пејачката.
Тие се запознале преку заеднички пријатели, а за прв пат се бакнале на 18 март 1994 година.
Родителите на пејачката, Зорка и Светомир, штом слушнале дека Вики се заљубила во Ташко, инсистирале да ја прекине врската и повеќе да нема никаков контакт со него.
– Потекнувам од строго семејство кое не сакаше да ја продолжам врската со Ташко, а притоа родителите на мојот сопруг со своите ставови само ја влошија ситуацијата. Иако бевме млади, тој имаше 22, а јас неполни 19, решивме да се венчаме – изјавила еднаш пејачката и додала дека тензијата траела неколку месеци.
– Морам да признаам дека расколот траеше долго, но преживеавме благодарение на силата на нашата љубов. Дури по долго време односите меѓу нашите семејства се подобрија – рече таа.
Куми на пејачката беа нејзините пријателки и колешки – Светлана Цеца Ражнатовиќ и Сања Ѓорѓевиќ.
Свадбената веселба на која присуствуваа неколку стотици гости се одржа на еден брод. Во октомври истата година стигна веста дека пејачката го родила синот Андреј, кој дефинитивно е круна на нивната љубов.
За потсетување, Ташко ја има ќерката Јелена од првиот брак, која со години живее во Германија, каде минатата година основа и свое семејство.