Кафе муабет
„ВЕЌЕ НЕМАМ НИШТО СО ТОА! Саша Поповиќ проговори за промените во „Ѕвездите на Гранд“ – еве кој ќе биде во ЖИРИТО оваа сезона
Аудициите завршиле...
Иако во тамошните медиуми најпрво се појавија информации дека постои можност новата сезона од популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ да не се снима, сепак сега тамошните медиуми откриваат дека снимањето на новата сезона ќе започне на 26 септември.
Сепак, она што е неизвесно е на која телевизија ќе се емитува оваа емисија. Во договор се телевизиите – „Прва“ и „Пинк“.
-Што се однесува до тоа каде ќе се емитуваме, тоа го одлучуваат исклучиво новите сопственици и јас веќе немам ништо со тоа. Нема да има промена во составот на жирито, сите сме тука како и лани. Поздрав од сончевата Опатија – изјави Поповиќ за „Блиц“.
Жирито, кое минатата година работеше со кандидатите и ги освои срцата на публиката, и овој пат ќе ги заземе своите места.
Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Ѓорѓе Давид и Драган Стојковиќ -Босанац како и досега ќе изберат нова музичка ѕвезда.
Исто така, заврши и аудицијата за нови и стари кандидати.
Инаку пред извесно време во јавноста излезе веста дека токму поради новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ се скарал со Жика Јакшиќ.
Музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ постои од 2003 година. Многу учесници на ова натпреварување се познати поп имиња на денешницата, како Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ и други. Емисијата прво се емитуваше во Србија на „Пинк“, а потоа и на „Прва“.
Договорот со Прва, очигледно, истекува, а Саша Поповиќ почнал да преговара каде ќе се емитува новата сезона од ова музичко натпреварување, додека медиумите шпекулираат дека е можно да се врати на Пинк.
„Ѕвездите на Гранд“ постојат речиси две децении и сето тоа време бележат одлични резултати. Ваквата неизвесност околу стартот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ доведе и до нарушување на односите меѓу некогашните блиски соработници Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ кои наводно станале уште полоши.
Имено, емисијата „Никад није касно“ наводно добила ударен термин на телевизија Прва. Проектот на Жика Јакшиќ интензивно се снима, а новата сезона на малите екрани започна овој викенд, во временскиот дел кој „до вчера“ беше резервиран за „Ѕвездите на Гранд“, пишува Објектив.
Сето тоа наводно ја разнишало врската меѓу Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ, а двајцата тешко дека ќе си подадат рака кога ќе се сретнат некаде.
– Саша е нервозен што сè уште не започнало снимањето, а се уште нема договор за продолжување на преносот. Колегите му се јавуваа последниве неколку дена и го прашуваа кога ќе продолжи со работа, а тој дополнително беше изнервиран од сознанието дека ќе се емитува друга емисија за време на неговиот временски период. Превземањето на ударниот термин Сале го смета како Жика да му заби нож во грб – вели извор близок до „Гранд продукција“.
Дека односите меѓу Поповиќ и Јакшиќ не се на завидно ниво, претходно потврди и Жика, кој од 2003 година беше еден од продуцентите и главни уредници на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и по чија идеја „Гранд“ направи вистинско шоу, се разликуваше во деловното размислување со тогашните сопственици на продукцијата Саша и Брена уште во 2014 година.