Кафе муабет

Васил Гарванлиев емотивно: МАЈКА МИ МИ ДАДЕ БЛАГОСЛОВ ЗА МОМЧЕТО

Пејачот искрено за партнерот со кој живее во Чикаго..

Важи за еден од најконтроверзните пејачи кај нас. Пред две години не’ претставуваше со песна на Евросонг, а од неодамна се пофали и со веренички прстен, за веднаш потоа и со свадбена веселба – пејачот Васил Гарванлиев неодамна го прослави 38-миот роденден.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Изминатиот период медиумите беа преплавени со информацијата за венчавката на Гарванлиев, за која и пејачот нескромно споделуваше фотографии со својот избраник во Америка.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Пејачот сподели фотографии на својот Инстаграм профил под кои напиша:

,,Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

За естрадниот магазин ,,Бекстејџ’’ изјави дека со неговиот избраник се препознале ,,на прва”, а го освоил со едноставноста и со анонимноста

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

,,Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот’’, напиша Гарванлиев во својата роденденска објава.

 

-Живеам многу мирно и среќно. Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња. Главни ангажмани пред да почнам со настапи ми се часовите по пеење со професор од Париз, конечно помагам на млади таленти со многу потенцијал дури и една две од Македонија – како вокал „коуч“, и ги спремам проектите за следните 3-5 години – споделува пејачот во неговото најново интервју за Женски магазин

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

На прашањето да открие повеќе за неговиот партнер со кого се вери неодамна Гарванлиев проговори искрено:

-Џејсон е една прекрасна скромна личност, со многу интересна животна приказна. Инаку е успешен невропсихолог, посветен партнер и воедно мој најдобар пријател. Во моментов учи струмички зборови и фрази, додека Езми, Тина и Шерон (нашите кучиња) учат литературен македонски.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Дали добива поддршка од најблиските и што мисли неговата мајка за парнерот Васил е дециден:

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Мајка ми е супер, само што си замина од Чикаго денес два часа пред да се објави песната на Јутјуб. Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво. Мајка ми брат ми и моите најблиски роднини и пријатели секогаш ми биле столб на поддршка во сите дадени ситуации.  Благодарен сум им бескрајно што ги имам. Не ни е прв пат да живееме на различни места, нашата поврзаност не познава далечина, истакнува тој за Женски магазин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close