Кафе муабет
Вака изгледаше Милан Станковиќ на своите почетоци: Денеска е згоден мускулест фраер- нема да го препознаете (ФОТО)
Се набилда...
Во текот на својата кариера, пејачот и миленик на тинејџерките Милан Станковиќ помина низ бројни трансформации кога е во прашање неговиот физички изглед.
Милан се здоби со популарност како слабо момче , а заштитен знак му беше негуваната руса коса.
Иако неколку пати експериментираше со различни фризури, до неодамна не ја допре бојата на косата.
Меѓутоа, покрај тоа што се исфарба, Милан почна и редовно да тренира во теретана, па сега изгледа сосема поинаку отколку што изгледаше на почетокот на кариерата.
Пејачот на својот Инстаграм профил објави фотографија од плажа на која позира во интересна поза додека се сонча на песок.
Судејќи по коментарите на социјалната мрежа, на фановите на Милан им се допаѓа ова негово издание и тоа како се промени.
Инаку Милан последниов период е главна тема во медиумите поради врската со Рада Манојловиќ.
Наводно тие двајца ја обновиле емотивната врска по десет години пауза, но се чини дека нивната љубов кратко траела.
Рада наводно раскинала со него кога сфатила дека тој повеќе не е стариот Милан.
– Рада повеќе нема да толерира ништо што не го смета за нормално, а проблемите почнаа кога тој почна да замислува дека речиси е монах. Постојано оди по манастири, но сега зборува како сексуалниот однос е грев, како не треба да се прави пред брак, во недела, на пост и на црвено писмо… Всушност, не треба да има што било поврзано со Рада, додека не се венчаат.
-Рада го познава со години, поминаа многу заедно, може да види дека се променил и сега е поинаков човек. Зборува како сака семејство, брак, знае дека никогаш не би ја оставил сама, но сето тоа е премногу за неа. Почна повторно да ги посетува манастирите, каде што останува по месец дена, не се ни јавува на телефон затоа што мора да послуша, на богослужба е, на молитва… Ова ја полудува Рада. Потребен и е маж кој секогаш ќе биде покрај неа. Рада е убава и привлечна девојка, нормално е дека има свои потреби. Па кој уште чека брак во 21 век за да биде интимен со партнерот што го сака – истакна изворот.
– Кога Рада му признала што ја мачи, Милан и рекол дека треба да ги почитува неговите убедувања и се што налага религијата, а таа не сакала да се расправа. Таа му предложила малку да се дистанцираат, а ако тоа не помогне, дефинитивно да стави крај на нивната приказна, што тој неволно ја прифатил – вели изворот.