Кафе муабет

БУРЕН ЖИВОТ КАКО НА ФИЛМ: Поради љубовта кон него ја нарекуваа предавничка- ова е сопругот и најголемата љубов на Мира Фурлан

Балканот завиен во црно...

Пред пет дена целиот Балкан беше завиен во црно поради смр*та на една од најпознатите актерки во поранешна Југославија.

Мира Фурлан зад себе остави одлична кариера, но и нејзиниот сопруг Горан и синот Марко Лав.

Нејзиниот живот беше многу бурен, а нејзиниот сопруг српскиот режисер Горан Гајиќ го запозна во 1986 година. Двајцата брзо започнаа врска, а Мира од љубов живееше на релација Белград-Загреб.

Мира и Горан беа принудени да се преселат во Белград во 1991 година, од каде се преселија во САД.

Тие таму работеа разни работи за да преживеат, а се венчаа во 1993 година.

Двајцата станаа родители во 1998 година, а на синот му го дадоа името Марко Лав.

 

– Тој се искачи на јарболот на бродот што не возеше од Хвар до Вис. Гледајќи го како се држи до тој неописливо висок јарбол со една рака, сфатив дека тој е човек кој не се плаши. Конечно, си реков. Моите средби со луѓе од спротивниот пол досега беа претежно средби со целосно преплашени мажи. Паничниот страв од жените е исто така извор на насилство врз жените што ги обележува овие области, рече Мира во едно интервју.

foto The Sun

Познатата актерка овој свет го напушти по подолго бoледување на 66 годишна возраст.

Мира е родена во Загреб и важеше за симбол на женственоста во поранешна Југославија. Во својата кариера се има појавено во култните југословенски филмови „Татко на службено патување“, „Убавината на порокот“, „Киклоп“…

Во 1991 со својот партнер се сели во Америка каде работела како келнерка, продавачка и преведувачка.

Најголемиот успех го достигна во периодот од 2004 до 2008 кога глумеше во американската серија Изгубени која оствари планетарен успех.

По снимањето на оваа серија и откако ќе постигне углед во Америка во 2014 година ќе добие понуда да предава на филмската академија во Лос Анџелес, а потоа и на њујоршката филмска академија.

Мира во Хрватска поради деловни обврски се врати во 2002 година, а прв пат на летување осум години подоцна. Познатата актерка тогаш успеа и да го врати својот стан кој неправедно и беше одземен, а кога ја прашаа дали би се вратила во својата татковина, таа одговори дека не.

Ја нарекуваа предавничка!

 

Поради својата љубов таа ќе се соочи со многу непријатни ситуации во својата земја.

Мира започна врска со Горан кој е србин, па поради тоа некои хрватски медиуми на почетокот од 90-тите ја обвинија дека е приклонета кон Србија и објавуваа текстови во кои ја нарекуваа предавничка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close