Новости
БРЕНА ОСТАНУВА БЕЗ КОСА: Пејачката има сериозен проблем, постојано носи перики!
Пејачката за прв пат сликана без перика
Фановите беа шокирани од веста која ја пренесе „Српски телеграф“, дека една од најпознатите пејачки на Балканот, Лепа Брена полека ја губи косата.
Наводно пејачката во последно време постојано носи перики, поради тоа што има проблем со опаѓање на косата, а како што тврди медиумот ги има во секоја форма и должина.
Откако летово објави фотографија на својот Инстаграм профил, каде носи лента на главата, и многу нејзини фанови приметија дека пејачката има проблем со косата.
На фотографијата може да се забележи сив израсток на нејзината глава, но и ретка коса.
Дополнително ствара сомнежи и тоа што пејачката во последно време започна да носи ленти, панделки и и марами за да го сокрие изгледот на косата.
Инаку неодамна ѕвездата на поранешна Југославија наполни 60 години.
Покрај кариерата, најголема среќа во животот на популарната пејачка е хармоничното семејство, полно со љубов.
Својата кариера ја започнала во 80-тите години на минатиот век.
Брена важи за жена која секогаш чекрела мудро и за секој потег размислувала, па старите генерации ја памтат како една пејачка која во време на Југославија во емисиите коментирала за економските кризи или политичката ситуација.
Таа била една од највлијателните жени и нејзиното мислење пред народот во тоа време многу значело.
Еве како Брена се менуваше во текот на годините.
На почетокот на својата кариера Брена била сосема природна, а сега важи за една од пејачките кои подлежат на повеќе корекции.
Една од корекциите која е очигледна се и нејзините порцелански заби. Брена се вбројува меѓу пејачките кои имаат порцелански заби и која повеќе пати има направено нови заби, како за неа така и за неколку нејзини колеги и колешки.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека на почетокот од кариерата имала крупни заби, но не биле еднакви, ниту рамни и толку убави како сега.
Брена последен пат во 2017 стави нови заби, а интересно е што неколку Гранд ѕвезди ги честеше со насмевка како нејзината.
Љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во брак речиси 30 години.
Тие се венчале на 7-ми декември 1991-ва година, а на свадбата присуствувале околу 600 гости.
Тоа било свадба на деценијата која чинела 50.000 германски марки.
Љубовната приказна на Лепа Брена и Слободан Боба Живоиновиќ започнала во 1986-та година, а за својата љубов и двајцата велат дека имале впечаток дека судбината ги споила.
– Кога се сретнав со Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека исто како јас нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит.
Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се сретнавме по премиерата на првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатот.
Не запозна Рака Ѓокиќ. Се прегрнавме иако претходно не сме се сретнале, барем не во овој живот, но почувствувавме нешто што не го доживуваат сите, убавина на средбата и енергија посилна од се – раскажа Брена во една прилика за zena.blic.rs.