Новости

Братската љубов е неизмерна: Малиот Никола стана првиот донор на матични клетки и го спаси животот на неговата сестра!

Со помош на матичните клетки од својот брат Ана Марија успеа да ја победи опасната болест. Имено убавата вест ја сподели министерот Венко Филипче на својот официјален профил на Фејсбук...

Братот Никола и неговата сестра Ана Марија се деца за восхит.

Фото Фејсбук/Венко Филипче

Имено деветгодишниот Никола е првиот донор на матичн клетки во нашата земја. Тој покажа колку е голема братската љубов и за да ја спаси својата сестра на која и беше звршена трансплатација на коскена срцевина.

Фото Фејсбук/Венко Филипче

Со помош на матичните клетки од својот брат Ана Марија успеа да ја победи опасната болест. Имено убавата вест ја сподели министерот Венко Филипче на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој соопшти дека е особено горд на малиот Никола кој воедно стана првиот донор на матични клетки во земјава и соопшт дека семејството го запозна на Клиниката за хематологија.

Фото Фејсбук/Венко Филипче

Минстерот се заблагодари на целиот тим доктори кој работеше на трансплатацјата и сите заедно успеаа да ја победат опасната болест на Ана Марија.

Фото Фејсбук/Венко Филипче

-Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Фото Фејсбук/Венко Филипче
Фото Фејсбук/Венко Филипче

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close