Кафе муабет

БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ ОТКРИ ШТО И’ ТРЕБА Промовираше нова песна посветена на сите жени – СПОТОТ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ

Бојана Скендеровски промовираше нова песна...

,,Ми треба’’ е насловот на новата песна на македонската популарна пејачка Бојана Скендеровски.

           Фото/Принтскрин

Новата песна која неодамна се промовираше во Скендеровски продукција е всушност продолжение на хитовите кои Бојана ги нижеше од месец јануари,  годинава што изминува.

Фото/Принтскрин

Тука се ,,Зад завесите”, Среќа и несреќа’’, потоа ,,Сонце меѓу сенките’’, и најновата ,,Ми треба’’.

Фото/Принтскрин

Станува збор за нешто посвесело, поинаку, нешто како што и самата Бојана ќе каже – уникатно кое одамна го посакувала.

Фото/Принтскрин

Песната ја има во две верзии македонска и српска.

Српската верзија на песната е ,,Докажи’’.

Како комплетен автор на песната се јавува Саша Милошевиќ – Маре, додека препевот е на Огнен Неделковски.

Фото/Принтскрин

Видеото е режирано од Александар Ристовски – Принц по сценарио на Васко Скендеровски.

Спотот е нешто поинаку од се’ досега сработено од Бојана.

Фото/Принтскрин

Во него се појавуваат доста македонски јавни личности меѓу кои во главните улоги Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Мики Црнокрак, Ферус Мустафов и други.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Бојана Скендеровски својата музичка кариера ја започна во 2002 година на изборот ,,М2 потрага по ѕвезда’’.

Фото/Принтскрин

Оваа година таа одбележува 20 години јубилејна кариера, а за следната најави и солистички концерт.

Фото/Принтскрин

Низ текот на годините можевме да ја видиме и во улога на автор и водител на емисијата ,,Улица Македонија’’.

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close