Uncategorized
Болна исповед на поранешната Мис на светот која стравуваше за животот на своето бебе: “Мислевме дека нема да преживее”
Денеска се среќно семејство...
На почетокот на минатата година, во средината на јануари, музичарот Ник Џонас и актерката и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра го добија своето прво дете.
Пријанка беше прогласена за Мис на светот во 2000 година, таа е позната актерка и според бројни магазини една од најубавите жени на светот.
Таа и музичарот Ник Џонас ја добија ќерката со помош на сурогат мајка.
Чопра, поранешната Мис на светот, првата објава за ова ја објави на Инстаграм дури во мај минатата година,а сега е откриено и зошто сето тоа било толкава мистерија.
Актерката за британски Вог открила дека сурогат мајката се породила во јануари, три месеци пред очекуваниот датум, поради што било под знак прашалник дали бебето ќе успее да преживее.
– Бев во операционата сала кога се роди бебето. Беше толку мала, се присети Чопра.
Бебето следните три месеци ги поминало под надзор на лекарите во болница, а во мај конечно пристигнало во новиот дом.
Чопра не сакаше да зборува конкретно зошто избрала да го роди детето со помош на сурогат мајка, само рече дека тоа тогаш било неопходно.
По повод денот на мајката Чопра напиша емотивна порака посветена на својата ќерка.
– На овој ден на мајката не можеме а да не се навратиме на последните неколку месеци во кои јас и мојот сопруг ги доживеавме сите можни чувства, од неизмерна среќа до голема грижа. Оваа фотографија ја споделуваме со многу луѓе кои сега минуваат низ слично искуство, започна објавата.
Имено, малата Малта Марија поминала 100 дена во болница а тогаш конечно стигнала дома.
View this post on Instagram
– По 100 дена во болница, нашето девојче конечно е дома. Патувањето на секое семејство е единствено и бара одредено ниво на верба, и додека нашето патување во изминатите неколку месеци беше предизвик, она што станува сосема јасно е колку е скапоцен и совршен секој момент. Пресреќни сме што нашето девојче конечно е дома, напиша тогаш Пријанка.
Тие им се заблагодарија на персоналот на породилната болница Rady Children’s La Jolla и Cedar Sinai во Лос Анџелес каде нивната ќерка лежеше три месеци.
Познатата актерка и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра се омажи за 10 години помладиот пејач Ник Џонас на 1 декември 2018 година.
View this post on Instagram