Новости

Боки 13 се соочува со сериозни проблеми во затворот- МОРА ДА МУ СЕ ИЗВАДИ ЖЕЛУДНИКОТ?

Здравствената состојба му е влошена...

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Здравствената состојба на Боки повторно е нарушена  а тоа го потврди и неговата мајка Јасминка Јовановска.

фото принтскрин

Имено вчера и адвокатот Владимир Туфегџиќ за „Макфакс“ истакна дека Боки ќе подлежи на оперативен зафат при што ќе му биде отстранет желудникот.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Неизбежен е оперативен зафат со кој ќе биде отстранет витален орган-желудник и ќе настане траен инвалидитет на лицето.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„За жал, во изминатите 7 месеци постојано му укажувавме на судот и надлежните во Управата за извршување на санкциите за значењето на редовната примена на задолжителниот здравствен режим и сериозните последици кои можат да произлезат по животот и здравјето, доколку секојдневно не се применува. Постојано укажувавме на последиците по животот и здравјето на лицето доколку само неколку дена не се применува овој задолжителен медицински режим бидејќи природата на болеста е таква што за само неколку дена настануваат тешки последици. За жал од страна на надлежните органи не наидовме на разбирање за нашето тврдење засновано на стручно медицинско мислење, дека задолжителниот здравствен режим не може да се спроведе во пенални услови“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Напротив, судот и Управата за извршување на санкциите врз основа на мислењето на домскиот лекар утврдија дека КПУ Идризово ги има сите услови за спроведување на задолжителниот медицински режим. Доставивме обемна медицинска документација во изнинатите 7 месеци во две последователни постапки пред судот и управата за санкции, бидејќи состојбата се влошуваше на дневна основа. Ниту еден надлежен орган при одлучувањето не направи ниту еден обид да стапи во контакт со лекарите специјалисти кои го лекуваат лицето. Останува впечарокот дека Бојан Јовановски покрај казната на која е осуден сега се казнува и поради неговата болест. Прекинот на казната го баравме поради факти засновани на стручната медицина, бидејќи само на тој начин ќе беа одбегнати последиците со кои денеска се соочува лицето. За жал, денеска ризикот и исходот по животот на пациентот е неизвесен и во тој дел се оградуваат и лекарите специјалисти од областа“, рече Туфегџиќ за Макфакс.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пријателите му го свртеа грбот…

Боки на својот Инстаграм профил пред извесно време упати порака до како што ги нарекува лицемерните негови пријатели.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

– Кога бев уапсен и затворен, многу од моите таканаречени пријатели, роднини и соработници ме избришаа од списокот на живи, како да сум мр-тов и закопан, а не затворен … рекоа дека не ме познаваат, други велеа дека ме познаваат само од телевизија, други велеа дека веќе не ми се пријатели и дека се шокирани кога дознаа што правам, други ме украдоа, петти најмизерно се дистанцираа од мене а им беше добро кога земаа огромни плати, а голем дел од нив, најодвратните, кои најмногу ми се лижеа во „нормалниот“ свет, а потоа уживаа во мојата ситуација велејќи: „Добро му направија, не е доволно!“ На такви полтрони им посакувам да живеат „убаво“ и да почувствуваат колку е убаво на нивна кожа …

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

– Сите овие горе, лицемери, крлежи, крадци, мршојадци го игнорираа фактот дека нивното лицемерие, нечистотија и нечовечност се мојата мотивација денес! Мотив да продолжам со крената глава, да се борам и да успеам во борбата, со Божја волја и помош, а не со нивна! Вистина, кај мене во најтешките моменти, покрај мајка ми и татко ми, останаа само неколку луѓе кои се избројуваат на прсти, но верувајте, благодарен сум што имам неколку, но премногу по квалитет и важност , нека се сите живи и здрави и од се срце им благодарам што покажаа дека уште има луѓе. Ви благодарам од срце! Им благодарам и на луѓето кои лично не ги познавам и кои ми дадоа искрена и срдечна поддршка, верувајте во ситуацијата во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа благодарам. Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте- беше истакнато на споменатата социјална мрежа…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close