Новости

Боки посвети емотивна порака до својата мајка која ќе ви го скрши срцето: Заспивав со твоите писма кои ми ги праќаше во притвор

Вели неговата мајка му е единствената вистинска поддршка...

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Откако Боки 13 неодамна ја шокираше јавноста со својата исповед и болно признание за неговите пријатели кои ги нарече лицемери и користољубиви, овој пат посвети емотивна порака до својата мајка.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Имено Бојан во својата исповед вели дека многу пати бил дискриминиран, повредуван, понижуван, навредуван,  но дека издржувал се благодарение на поддршката од својата мајка Јасмина.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки во постот кој го објави на својот Фејсбук профил пишува за моментите кога неговиот живот бил во опасност. Тој вели дека постојано мислел на својата мајка со која комуницирале само преку писма, но и дека со нив заспивал бидејќи му биле единствената надеж дека се ќе заврши.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Во продолжение ви го претставуваме во целост постот на Боки , објавен на Фејсбук…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

-Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе… Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и сите оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам белите листови хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував моите писма од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав… постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа… Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се “смилуваа” и ме пуштија во куќен притвор…. НЕ ПОСТОИ !!!
ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ.

Фото Фејсбук/Бојан Јовановски
Фото Фејсбук/Бојан Јовановски
Фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато од кое сите ќе научиме по нешто и ќе бидеме уште посилни…

Фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш каков сум, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка!!!
Само посакувам да си ми здрава и жива ти и татко ми, а за се останато ќе се борам, машки , чесно и достоинствено!

Фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Овие фотографии се од дочек на Нова Година 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас… (а за тоа во друга прилика во засебен текст) нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов и топлина
Овој пост ќе го завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски…
Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам…

Фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам, Ако згрешам, нека изгорам!

Фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски. Објавено од администратор на профилот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close