Кафе муабет
“Бог ми ги одзеде рацете но ми даде крилја”- Со нозете правам се, само небото ми е граница: Дејана пресреќна сподели убави вести и ги расплака сите
Чекаат принова...
Дејана Бачко e девојка која е родена без раце, но како што за себе вели се чувствува како да има крила.
Таа е сликарка и шампионка во паратеквонду, која се занимава и со стрелаштво а одамна ја избра борбата како модел на однесување и стана предмет на восхит на многумина.
Не можеме да избереме со што ќе се родиме – како ќе изгледаме, дали ќе наследиме здравствен проблем, но можеме да избереме како ќе се однесуваме, дали ќе се бориме, дали ќе се откажеме и ќе дозволиме проблемите да бидат посилни од нас.
Дејана беше поинаква уште со самото раѓање, но стана силна и успешна жена со волја и борбеност.
Марко Нежиќ, нејзиниот партнер и голем поддржувач е со неа неколку години а сега сподели и радосна вест на социјалните мрежи.
– Еве ја мојата Деки во 4-ти месец од бременоста. Толку сме среќни и возбудени за тоа што не чека – стои во описот на видеото кое се појави на TikTok.
По ова следеа голем број честитки од оние кои ги следат на социјалните мрежи, а тие додадоа дека се благодарни што наскоро ќе станат родители.
Инаку Дејана постигна бројни спортски успеси, од кои најзначаен е тоа што во 2019 година стана светска шампионка во паратаеквондо, а минатата година ја одбрани титулата во Истанбул.
„Со теквондо се занимавам долго време, па успехот не дојде преку ноќ. Имаше многу тренинзи, треба да се бориш, да имаш желба за успех и да имаш цел. Примарна цел ми беше да одам на Параолимписките игри во Токио, но имајќи предвид дека паратаеквондото не е параолимписка категорија, почнав да се занимавам и со стрелаштво, па целта ми е да одам во Париз во 2024 година на Параолимписките игри, како стрелец, истакна таа.
На прашањето дали има нешто што Дејана не може, но би сакала да може, таа за РТС одговори:
„Она што не можам, а би сакала да го правам е сама да ги закопчам фармерките, но знам тоа е невозможно“рече Дејана.
-Научив да правам сè со моите нозе, па небото е граница за мене“. За џабе не сум ’девојка со крилја’. Дејана се потпишува како „девојка со крилја“ затоа што како што вели може да лета каде сака: „Имам крилја наместо раце, така се гледам себеси“.
„Господ ми ги одзеде рацете, но ми даде голем талент за сликање и како дете почнав да сликам, почнав да цртам и тоа некако ме исполнуваше во животот и тоа ме водеше низ животот и се трудам да им докажам на другите дека можам“.
Во една прилика Марко зборувајќи за својата љубов, ја опиша кратко и јасно, со еден збор: „Одлична! Сè што му треба и може да очекува човек – така е“.
„Добро, понекогаш сум разгалена, слободно можеш да кажеш“, се пошегува таа за себе. Исто така, објаснила точно колку е „разгалена“: „Понекогаш нешто што навистина можам сама да го направам, сепак одам кај него и му кажувам дека нешто не можам, а тој всушност знае дека можам, но сепак попушта и го прави „тоа“.
„Таа толку многу го зајакна својот карактер од моментот кога почнавме да се забавуваме, па не и треба некој да и помага. Таа сама по себе е одличен лик. Секогаш сум тука како поддршка и за што и да и треба, но мислам дека самата одлично се бори со тоа“, рече Марко и додаде дека може и сака да и биде „столб и поддршка“.