Кафе муабет
Богато се омажив, не треба ни да работам- шок признание на пејачката Елма Синановиќ!
Работев цело лето, сакав публика и настапи во живо...
Пејачката Елма Синановиќ сними песна и спот со фолк пејачот Слоба Радановиќ, а за српски Информер откри како дошло до нивната соработка.
-Главен „виновник“ за тоа е мојот продуцент Мерсад Хаџиќ кој направи феноменална песна и некако во таа песна ме виде мене и Слоба – изјави Елма која откри дека цело лето работела:
– Работев цело лето, сакав публика и настапи во живо – рече пејачката, а потоа проговори за првичниот хонорар:
-Никогаш не пеев во кафана и не пеев за хонорар, се омажив за богат сопруг и потоа добив се на тацна. Им се извинувам на сите што работеа, но јас не, а сега добивам многу убав хонорар. Им благодарам на сите што мислат дека вредам и што плаќаат за мене(се смее) – изјавила Елма која открила дека ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, ја сака нејзината музика.
– Анастасија ги сака сите мои стари песни кои не ги ни форсирам на моите изведби, сите се убави балади, што покажува дека Анастасија има феноменален вкус – изјави пејачката и откри дали Анастасија може да ја наследи Цеца:
-Никогаш не се знае, но секако оди по вистинските стапки, и оди многу добро и ми се допаѓа – рекла Елма, а што уште ни открила дознајте во видеото под овој текст: