Дом и семејство

Близначките кои се омажија за идентични близнаци открија радосна вест: Двете се бремени во исто време, фановите го погодуваат полот на децата…

Тие се бремени во исто време...

Идентичните близначки Британи и Бријана Деан  отсекогаш биле приврзани една за друга, па дури и како возрасни.

фото инстаграм

Интересно е тоа што тие две, во 2017 година сретнаа идентични близнаци Џош и Џереми со кои започнаа љубовна врска.

Една година подоцна тие облечени во идентични облеки застанаа пред олтарот. Британи се омажи за Џош, а Бријана за Џереми.

Сега близначките се бремени во исто време, а и двата пара живеат во иста куќа.

фото инстаграм

“Сите четворица сме пресреќни што едно момче ќе се приклучи на нашето семејство. Одбројуваме до моментот кога ќе го дознаеме полот на другото бебе”, сестрите ја споделија радосната вест на Инстаграм со своите 84.000 обожаватели.

Луѓето веднаш започнаа да шпекулираат за полот на другото бебе.

“Се надевам дека и тоа ќе биде момче. Ќе биде најдобар пријател, без оглед на се”, ” Претпоставувам дека е момче”, “Се надевам дека е девојче за да биде малку поразлично”, коментираат нивните следбеници.

“Нашите деца ќе бидат не само братучеди, туку и многу повеќе од тоа. Едвај чекаме да ги запознаеме”, рекоа тие по објавувањето на веста за бременоста.

Бријана е бремена пет месеци, додека Британи објави дека терминот за породување и е на крајот на летото.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни фотки од овие идентични парови…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close