UncategorizedКафе муабет

Би прифатила и десет жени покрај мене само да е жив: Исповед на Гоца Божиновска за Зоран Шијан и неверството со нејзина пријателка

За неа тој е најголемата љубов...

Една од најголемите љубови на белградскиот андерграунд во деведесетите е филмската љубов која им се случи на Гоца Божиновска и Зоран Шијан.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Љубовта меѓу нив се разгорела на прв поглед за време на одморот во Црна Гора, во Херцег Нови, во 1989 година, а завршила со неверство.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

И покрај силните емоции и двете деца кои ги добија, ќерката Зорана и синот Мирко, тие двајца никогаш не се венчаа.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Некогашниот првиот човек на кланот Сурчин, европскиот шампион во кик-бокс беше уб-иен на 27 ноември 1999 година во Белград. Загинал кога околу 01:30 часот застанал на црвено на аголот на Немањина и Светозар Марковиќ. Имал само 35 години, а случајот за неговото убиство до ден денес не е разрешен, додека за мотивите само се шпекулира.

фото инстаграм/Мирко Шијан

Божиновска и денес нагласува дека Зоран Шијан бил нејзината најголема љубов. За него често зборува во јавноста, а во една прилика се присетила како се запознале.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Откако се сретнаа на плажа, отидоа на вечера, при разделбата не си размениле броеви, а Зоран единствено знаел дека таа се враќа од одмор три дена подоцна. Ја пречекал на аеродром и по втората вечер што ја поминале заедно, ја запросил и таа прифатила. Но, никогаш не ставила бурма на раката, со него живеела во вонбрачна заедница во вилата во Сурчин, каде што и живее и денес.

Фото Инстаграм/Мирко Шијан

– Во пет часот наутро лежиме, му велам: „Треба да ме вратиш“, тогаш живеев во центарот, во Димитрија Туцовиќ. Ми вели: „Можам да те возам да си ги земеш работите и да се вратиме назад“ – се присети Гоца.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Нивната бајка заврши со неверство. Последните години од животот Шијан ги поминал со најдобрата пријателка и сосетка на Гоца, Горана, поради која ја оставил. Од таа љубов Шијан и Горана добија син.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

– Не беше лесно. Бевме пријателки. Животот така наметна. Ме промени. Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. И покрај се, пак би го избрала, среќна сум што имав толку убав маж во еден период од мојот живот и што со толку квалитетен маж добив деца, тоа никогаш не би го променила. Сега, кога би станал од гроб, да бев млада, пак ќе го направев истиот избор. Единственото нешто што би го променила во мојот живот е тој да биде жив. Би прифатила десет жени покрај себе, да ги финансирам и поддржам сите, само тој да беше жив – рече Божиновска.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Кога бил застрелан Шијан, пејачката не била во Србија, а веста за неговата см-рт и ја соопштил Шабан Шаулиќ.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

– Веднаш слушнав дека гласот му е чуден, ме праша: „Каде си, слушна ли нешто? Во истата секунда ми се отсекоа нозете. Тој додаде: „Мислев дека знаеш, можеби не е вистина, слушнав дека пукале во Шијан. Така заврши нашата приказна, а моите маки и борба со животот почнаа и траат до денес – вели Гоца, која поради Зоран ја напушти естрадата. Имено, тој не сакал да пее, па таа се повлекла и седум години не земала микрофон во рака. Дури откако раскинале, таа се вратила на својата работа.

фото инстаграм/ Гоца Божиновска

Иако важеше за опасен тип од белградските улици Гоца сепак нагласува дека Шијан бил човек со големо срце и пожртвуван татко. Заедно со спортската кариера, Шијан водел живот и на другата страна на законот. Не еднаш бил во притвор, бил ранет, а важел за личност со која никогаш не треба да влегуваш во конфликт. Сведоците од деведесеттите се сеќаваат дека дури 200 полицајци отишле да го уапсат.

Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close