Дом и семејство

БИЛЈАНА ЈЕВТИЌ Е ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Сите се загрижени- пејачката ја откри вистината!

Поради насловите во медиумите добивала многу повици...

Пејачката Билјана Јевтиќ изминативе години води живот далеку од очите на јавноста и не се појавува често на јавни случувања, а интересот на медиумите за неа не стивнува со години.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Пред само неколку месеци како бомба одекна веста дека Биља е тешко болна, што многу ја вознемири неа и нејзините најблиски.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Пејачката Билјана Јевтиќ пред неколку години преживеа вистинска драма, а иако немаше класичен и многу болен напад, кој често го предизвикува присуството на камења во жолчката, мораше да се оперира за да избегне посериозни компликации.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

При лапароскопската процедура, со која и се извадени жолчното кесе и неколку камења, се покажало дека овој орган бил под воспалителен процес, како и притискање на црниот дроб, пренесе „Свет“.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Не почувствував силни болки, барем не последниот пат, бидејќи со овој здравствен проблем се справувам речиси цела деценија, а поради тоа два пати завршив на Итна помош. Но, сега мојот доктор како да претчувствуваше, рече дека е подобро да ме оперира иако се чини дека се е во ред. Дури и резултатите од лабораториските анализи беа добри, па ништо воопшто не укажуваше на можен проблем. Се покажа дека жолчното кесе е воспалено, како и дека врши притисок на други органи, пред се црниот дроб. Секако, ми олесна кога сфатив дека избегнав некои сериозни компликации – изјави тогаш Билјана Јевтиќ, по операцијата.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Пејачката сега по повторно актуелизирање на веста дека е оперирана и дека е загрозено нејзиното здравје истакна дека медиумите загрижиле многумина од нејзините пријатели и блиски со ваквите наслови.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Некои пријатели почнаа да ми се јавуваат да ме прашаат како сум. Ме контактираа луѓе од море, од одмор, дури и некои непознати луѓе, се изненадив, се прашував што се случува. Работев многу во тој момент, па не стигнав ни да ги видам сите тие објави. И што да кажам сега?! Напишаа дека сум во критична состојба, а пред четири години го оперирав жолчното кесе. Им било важно луѓето да кликаат, а веројатно немаат време да читаат до крај – објаснила пејачката и додала дека е свесна и дека нејзината работа носи помпезни наслови.

фото Фејсбук/Билјана Јевтиќ

Од друга страна, во медиумите имаше и вест дека нејзиниот син Иван ќе се жени, но пејачката ги демантираше ваквите вести.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Морам да демантирам! Синот не се жени, ќе има веселби, но рано е за тоа. Тоа се празни приказни. Ја донел девојката на слава и за тоа веднаш се пишувало. После тоа ми се јавија пријателите да ме прашаат зошто го кријам бракот на син ми. Таман работа да кријам такво нешто, убаво и нормално е што сите ќе знаат кога ќе се случи. Мојот син моментално завршува факултет, се забавува и ужива, но ништо од свадба – открила пејачката.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Да потсетиме, по борбата на Биља и Аца за потомство, Иван се роди во 1999 година, а брачната двојка покрај работните обврски на прво место ги става потребите на синот. Тие се посветени на своето единствено дете на кое се бескрајно горди. Иако е дете на познати и успешни родители, тој секогаш се трудел да живее скромно, а барем засега не го привлекува животот пред камерите, туку се посветил на студиите и е апсолвент на Правен факултет во Белград.

фото стори.рс

Билјана во една прилика откри дека Аца и таа подеднакво се вклучени во одгледувањето и воспитувањето на синот, но дека таа е построга. Исто така, славниот пар откри дека нивниот син е музички талентиран како неговите родители, но дека се уште не размислува да тргне по нивните стапки.

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

– Синот Иван порасна во момче, не е срамежлив, но не сака премногу да се експонира со нас. Музикален е, добро пее, кога беше помал учествуваше на некои натпревари, но поп не го интересира. Тој ќе избира што ќе прави, а сега најмногу го интересира историјата. Мило ми е што во налетот на квази-песните, мојот Иван слуша квалитетна музика, домашна и странска, без разлика на жанр. Има одлично уво, знае да процени кој добро пее или свири. Слуша и народна музика, знае многу авторски композиции. Верувајте ми, тој знае повеќе песни од татко му. Се случувало Аца да му се јави на телефон од настап и да го праша за одредена песна, како оди – откри пејачката.

 

фото инстаграм/Билјана Јевтиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close