Кафе муабет

Билјана Дебарлиева со убаво женско друштво во кафана – ВОДИТЕЛКАТА ГО ПРОСЛАВИ 50-ТИОТ РОДЕНДЕН

Дебарлиева славеше роденден...

И покрај нејзините долги години телевизиско искуство и професионален ангажман, се чини како времето ништо да не и може на една од најубавите жени кај нас – водителката Билјана Дебарлиева.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Но водителката освен со убавината ги плени телевизиските гледачи со својот шарм и позитивна енергија. Гледачи, пак, постојано коментираат за нејзината природна убавина и непосредност.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажува шарматната презентерка за Женски магазин.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Откако реши по долги години да ја напушти Канал5- телевизија денес, таа има своја емисија за здравство која се емитува на фреквенцијата на ТВ 24.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Три децении Дебарлиева е во медиумскиот простор. Таа остана еден од омилените ТВ ликови, пред се поради нејзината професионалност, правилната дикција и  негувањето на македонскиот литературен јазик.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

,,Ми беше незгодно и во продавница да влезам и да прашам нешто, а не пак, да сум пред камери. Едно лето се бараа најавувачки на програмата во МРТ. Бевме на журка, па другарка ми ме убеди, а Јован тогаш се’ уште ми беше дечко ми рекоа: ајде де, пробај, ништо не губиш. Потоа ми рекоа дека ме сакала камерата и така почна целата приказна’’, раскажува Дебарлиева за Репортер.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Неодамна, водителката го прослави својот јубилеен 50-ти роденден. Но, таа е вистински доказ дека годините на човек не му можат ништо.

  Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

,,Препознатлива по својата смиреност и нежен сензибилитет, на прашањето има ли шанси да се качи на маса кога е во кафеана, низ насмевки за Репортер вели: Не, не. На маса нема да се качам, може тоа ептен блиски луѓе да сме, ама и тогаш тешко. Иако јас сакам многу да пеам, сакам да пијам црвено вино , сакам убава музика, , кога сме собрани друштво’’, искрена е Дебарлиева.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Таа објави фотографии од убаво, женско друштво, собрано во кафана, да прослави убав повод.

Дебарлиева, среќен ти роденден!

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close