Кафе муабет

Бившата на Кајмакоски сподели какви пораки добива периодов – ,,ПОРАНО ЗНАЕВМЕ КОЈ Е ПСИХИЧКИ БОЛЕН, СЕГА Е МАСОВНО’’

Кристина ,,распали’’ по лажните профили...

 

Важи за една од најзгодните и најатрактивни поранешни манекенки во земјава. Но, бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска  во изминатиот период покажа дека знае како треба и на естрадната сцена.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Имавме можност да ја видиме на овогодинешното издание на Макфест 2022 каде заедно со Борјан Илковски, попознат како диџеј Боно ја отпеаја песната ,,Салса’’.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Пејачката секојдневно изненадува со нејзиниот смел и храбар стил на облекување, а доста провокативно се појави и на Макфест.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Секојдневно е активна на социјалните медиуми каде постојано  објавува фотографии со кои ги воодушевува своите фанови.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

Манекенката Кристина Димитриевска и пејачот Даниел Кајмакоски ставија крај на нивниот брак во 2020 година.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

Инаку, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред неколку дена се ожени со својата нова избраничка а пред три години се раздели од сопругата Кристина Димитриевска, која е 13 години помлада од него. По разделбата паднала во депресија со која се борела долго време.

Фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Кристина дури и јавно проговори за депресијата во која се наоѓала и објаснила како се снашла:

Фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоски

– Кога сакаш, тешко е да се прифати фактот дека не ти оди, дека не сте еден за друг. Во тој период не сакав да комуницирам со никого, се затворив во себе. Се чувствував како цел свет да ќе ми падне на глава. Откако се тргнав сама во себе, и излегов на крај со болката која ми го уништи срцето – изјавила тогаш манекенката и додала дека вежбањето и помогнало да се избори со депресијата.

Фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Деновиве Кристина е мета на онлајн вознемирување.

Имено, таа на Инстаграм сподели, како од некој според неа лажен профил член од нејзината фамилија  добива порака која гласела:

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

,,Хахахахаха, многу ли е љубоморна Кристина што нејзиниот син сега ќе има полубрат или полусестра’’.

Фото:Инстаграм/Кристина Димитриевска

На што Кристина вратила со овие зборови:

,,Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови, жени…тоа е неговиот живот. Јас и мојот син живееме наш живот 5 години (а тоа е етапа  на која пред пет години ставив крај).  И немаме никаква врска со животот на мојот бивши маж…толку од мене на оваа тема – напиша Кристина на Инстаграм стори.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

А, потоа додаде:

Порано знаевме кој е ,,психички болен’’, сега е масовно… не е срамота да побарате помош од психолог и психијатр…срамота е да правите лажни профили и да се мешате во туѓ живот…недела е луѓе, ручајте со најблиските.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Ви праќам љубов во вашите срца полни со омраза, глсасеше порака која Кристина ја упати на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close