Новости
Беше најубаво девојче, а денес нема да ја препознаете – нејзината мајка и го yништи детството
Најубавото девојче - некогаш и сега
И кога имаше само две години, наместо да ужива во детството, нејзината мајка ја шминкаше и носеше на солариум секој ден
Не е тајна дека во Америка се поприлично популарни детските натпревари за убавина, па голем број мајки во нив гледаат шанса на своите ќерки да им ја предодредат судбината и да ги направат модели и манекенки.
Но како и многу други работи во животот, така и ова е меч со две острици, а тоа најдобро на своја кожа го почувствува младата Един Вуд.
Нејзиното лице најверојатно веќе ви е познато – таа беше прогласена за најубавото девојче во цела Америка и во изминативе години неколку пати победуваше на различни натпревари за убавина.
Нејзината мајка Мики ја воведе во светот на натпреварите кога имаше само две години. Таа инсистираше нејзината ќерка секогаш да биде дотерана, да има совршен фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани.
Како што пренесуваат странските медиуми, Мики својата ќерка од најрана возраст ја терала да јаде исклучиво нискокалорична храна, а ја водела и во солариум (!) и секојдневно и давала енергетски сокови. Тој начин на живот и таквото необично темпо не се одрази добро на нејзиното здравје, па затоа Един цело време имала главоболки, но и проблеми со системот за варење. Интересно е тоа што Един и денес се занимава со манекенство, а има само 15 години.
Подоцна се појавија информации и дека Мики често ја тeпaлa ќерката, со цел да создаде „отпор во стресни ситуации“.
На крај нејзината мајка беше предупредена дека мора да го смени однесувањето за државата да не и го одземе детето.
Един на шест години веќе имаше 300 титули, но тогаш реши да се откаже од натпреварите за убавина.
Таа денес има 15 години и се уште е модел, но само не толку како порано. Се има појавено и во неколку филмови, пишува свој блог, а неодамна издаде и своја автобиографска книга. Популарна е и на социјалните мрежи, па така само на Инстаграм има околу 60 илјади фанови.
Како таа изгледа денес погледнете во продолжение: