Кафе муабет

Беше Мис на Југославија, па се омажи со шеик – прва фотографија од БРЕМЕНАТА Јелена!

Јелена е поранешна српска манекенка мисица и моден дизајнер. Откако стана дел од семејството Бин Драи, Јелена важи за една од најбогатите Србинки во светот...

Јелена Јаковлевиќ Бин Драи го чека своето четврто дете со арапскиот бизнисмен Саид, а парот веќе има три деца: ќерката Асија (11), синовите Хилал (10) и Хамад (6).

foto instagram
foto instagram

Јелена во 2003 година го запознала арапскиот бизнисмен Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милјарди долари. Во 2008 година се венчале во Дубаи, а на свадбата присуствувале околу 300 гости. Тие во 2010 година ја добија ќерката Асија, а во 2011 синот Хилал и во 2013 Хамадан.

foto instagram

Јелена е поранешна српска манекенка мисица и моден дизајнер. Откако стана дел од семејството Бин Драи, Јелена важи за една од најбогатите Србинки во светот.

Пријателката на Јелена, Билјана Типсаревиќ, на својот Инстаграм денес сподели фотографија која предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи ова е прва фотографија од бремената Јелена која го чека своето четврто дете.

foto instagram/Biljana Tipsarevic

– Убава душа, царица и моја пријателка! Секогаш тука за да ме насмее до солзи со нејзиниот хумор, да ме слуша и да го извлече најдоброто од мене. Чувајте ги таквите пријатели секогаш и секаде, дури и кога сте одвоени со километри и време – напиша Билјана.

foto instagram/Biljana Tipsarevic

Патем, Билјана Типсаревиќ секогаш се обидува да го задржи приватниот живот подалеку од „очите на медиумите“. Билјана е сопруга на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, кого го запозна во 2006 година. Двајцата имаат две деца: ќерка и син.

Јелена пресреќна што ќе го роди четврто дете!

foto instagram

Некогашната Мис на Југославија Јелена бин Драи е многу среќна што ќе стане мајка по четврти пат, а семејството е многу среќно и едвај чека да го запознае новиот член.

Убавицата конечно проговори на оваа тема, но не откриваше детали.

foto instagram
foto instagram
foto instagram

– Не очекувавме. Иксрено бевме изненадени, но секако тоа е многу пријатно изненадување за нас и напето семејство, изјавила Јелена а потоа на прашањето дали во тропскиот Дубаи владеело возбуда поради доаѓањето на четвртиот член, таа вели:

foto instagram

– И двајцата сме возбудени, како и сите претходни пати, дури и можеби сега повеќе бидејќи ова не беше очекувано, но ми се чини дека Саид е повеќе возбуден и многу е нестрплив да го запознае новиот член на нашето семејство.

foto instagram

Таа потполно се исклучила од јавниот живот и решила да ги отстрани сите видови на надворешен стрес.
Убавата Јелена пред половина година, во своето големо интервју за магазинот „Hello“ зборуваше дека има голема желба за уште едно дете.

foto instagram
foto instagram
foto instagram

Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.

foto instagram
foto instagram
foto instagram

Јелена денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм


Таа во 1998 година беше Мис Југославија, Мис Фотогеничност и Мис интернет. Потоа патот ја води во Милано, а од таму во 2001 година заминува во Дубаи каде станува најбараната манекенка во Обединетите Арапски Емирати.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close