Кафе муабет
Беше „кралица на турските серии”, за неа пишуваше престижниот Њујорк Тајмс а денес е „кралица на cкандaлите”!
Во прашање е 38- годишната актерка која заврши сценографија и костимографија пред да започне да се занимава со глума...
Туба Бујукустун важи за една од најпознатите турски актерки која се прослави со улогата на Аси во истоимената серија.
Во прашање е 38- годишната актерка која заврши сценографија и костимографија пред да започне да се занимава со глума.
Таа зад себе има пропаднат брак со 43 годишниот актер Онур Сајлак со кого ги доби ќерките близначки Маја и Топрак.
Пред 10 години, Туба медиумите и критичарите ја нарекуваа кралица на турските серии, но пред три години и беше даден епитетот кралица на скандалите.
Њујорк Тајмс ја рангираше меѓу 100-те најсе-ксапилни жени во светот, а „Ќерката на амбасадорот“ е нејзиното враќање на екраните по тригодишна пауза од актерството и низа скандали.
“Актерството е прекрасно, но воедно е и многу тешка работа. Мора да имате некој што постојано ќе ве охрабрува, ќе ве турка напред. Без соодветна поддршка лесно ќе пропаднете и ќе има психолошки последици, тоа го гледам кај многу колеги , може да биде фатално “, рече таа во едно интервју.
“Моето детство беше обично и среќно. Беше нормално. Јас сум единствената жена во семејството, затоа сум скапоцена за сите. Како мала сакав да бидам инженер, учев да бидам уметнички директор. На еднаш сакав да станам доктор, а потоа и актерка. Не знам како се случи тоа. Мислам дека е судбина. Почнав да глумам, а две години подоцна решив дека тоа ќе биде работата на мојот живот “, вели Туба.
Иако до пред три години беше една од омилените актерки во Турција, денес за неа најчесто се пишува во контекст на скандали.
“Животот не е само убави моменти, животот не е исполнет исклучиво со успеси и победи, туку со порази и грешки. Ме растажува кога ќе слушнам зошто луѓето ме осудуваат и ме мразат”, рече еднаш Туба, осврнувајќи се на негативните коментари со кои се соочи во последниве години. Ја нарекуваат арогантна и вообразена.
Нејзината слика беше совршена сè до моментот кога се омажи за нејзиниот колега Онур Сајлак. Тие се запознаа на снимањето на серијата ‘Аси’. Во тоа време, беше напишано дека таа го оставила својот поранешен свршеник Сами Сајдан токму поради Онур.
– Тој е единствениот човек кој прави да се чувствувам добро, не ми требаат зборови, само го гледам во очи и чувствувам дека сè е во ред. Поради него, се ослободив од напнатоста и стресот – рекла Туба, но признала и дека романсата меѓу нив не поминала многу лесно.
“Бевме пријатели четири или пет години, потоа станавме љубовници, живеевме заедно два месеци, но тој не ме убеди за брак, тоа едноставно се случи. Онур ме познава многу добро и знаеше дека треба брзо да се венчаме , бидејќи секогаш имав страв од брак затоа што многу луѓе се откажаа од себеси поради бракот – рекла актерката која се омажи во Париз во 2011 година, а една година подоцна парот ги доби близнаците, Маја и Топрак кои денес имаат 9 години.
– Сакам да минувам време со моите ќерки. Во првите седум месеци од нивното раѓање, јас и мојот сопруг се грижевме за нив. Онур е прекрасен татко кој постојано се грижи за нив – рече Туба, за која породувањето беше трауматско искуство. Во деветтиот месец од бременоста паднала во кома, а поради неприродната положба на едно од бебињата се породила со царски рез.
– Никој не ми зборуваше за породувањето. Нема да верувате, но во бременоста ме смири филмот „Junior“ во кој Арнолд Шварценегер глуми бремен маж. Кога го гледав филмот, си реков: „Моите чувства се нормални изјави актерката.
Туба се најде под лупа на јавноста во 2017 година по разводот со нејзиниот сопруг, актерот Онур Сајлак. Веднаш по разводот, таа влезе во страсна врска со Умут Евирген, кој е седум години помлад од неа.
Многумина тврдеа дека нивната врска започнала додека двајцата сè уште биле во брак и ја обвинуваа Туба за прељуба. Онур тогаш ја бранеше мајката на неговите деца и го негираше тоа, па страстите стивнаа. Сепак, Туба потоа повторно беше во центарот на вниманието од истата причина.
– Се вели дека јас и Туба се разведовме поради нејзиниот љубовник. Тоа е глупаво! Се фрла со кал и кон неа и кон мене. Нашата врска е всушност завршена. Се обидовме да ја спасиме заради нашите девојки, но не успеа.
„Туба е и останува мајка на моите деца. И го изјавувам ова со цел да се затвори таа тема еднаш засекогаш!“ објасни тогаш актерот.
Врската со Умут била страсна и бурна, па според турските медиуми тие често раскинувале. Сепак, тие откако поминаа некое време заедно ставија крај на љубовта и сега актерката е повторно сингл.
Иако ниту едниот ниту другиот не ја наведоа причината зошто се решиле да се разделат, во турските медиуми се уште кружат информации дека актерката го изневерила своето долгогодишно момче, а тој дознал.
– Тие раскинаа затоа што таа беше неверна. Умут дознал откако наишол повици и пораки на телефон со човекот што го гледала – рекол изворот.
„Веќе се навикнав да ме спојуваат со секој маж со кого ќе прозборам еден збор. Се уморив да го демантирам истово.Медимуте нека пишуваат што сакаат, такавите работи не ме допираат“, порача актерката за медиумите.