Кафе муабет

Беше “КРАЛИЦА НА СИЛИКОНИТЕ”: Нема да верувате како изгледа денес- ги извади силиконите и ги шокираше сите

Негува поприроден изглед...

Тијана Ѓуричиќ, која јавноста ја запозна како „Силиконската кралица“, шокираше со својот изглед и претераните естетски корекции што ги направи на себе иако имаше само 23 години.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

За целосно да го промени личниот изглед, оваа девојка потрошила 10.000 евра на операции.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

Колку далеку отишла со силиконските интервенции се гледа од фактот дека на слика од пред само пет години никој не може да ја препознае насмеаната девојка актуелна како силиконска кралица.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

„Се е мое и сето тоа го платив“, рече Тијана во една прилика кога и беше поставено прашањето зошто си го направила ова.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

Поголемиот дел од луѓето велеа дека според нејзиниот изглед, очигледно таа не знаела што е убаво. Тијана тогаш откри дека немала физички проблеми поради нејзината опсесија.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

“Нормално се бакнувам со толку големи усни, не го изгубив чувството. Не ме боли ‘рбетот поради големите силиконски гради. Прекрасна сум сама за себе”, изјавила Тијана за Блиц, која го шокираше регионот поради големиот број на пластични операции.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ,

Таа еднаш откри дека никогаш не зажалила за хируршките интервенции кои ги направила, но и дека нема намера да престане кога станува збор за силиконите.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Тијана и се претстави на јавноста во емисијата Магазин Ин и тогаш ги шокираше и гледачите и гостите.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Подоцна влезе во реалното шоу „Фарма“ каде имаше турбулентна врска со Кристијан Голубовиќ, кој дури и физички ја нападна.

Сепак, она што сега повторно ја шокираше јавноста е нејзината неверојатна промена. Имено Тијана денес изгледа поинаку.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Нема претерана шминка и силикони или пак стручно ги коригира своите фотографии на Инстаграм, но со сигурност може да се каже дека денес изгледа поприродно и поубаво.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Ѓуричиќ сега ги намали усните и градите кои беа нејзин заштитен знак.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Старлетата по интервенцијата изгледа многу поприродно и не е чудно што за новиот изглед доби само пофалби.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

– Сите ми велат дека сега изгледам подобро. Ми остана уште малку силикон во усните и планирам да го извадам – ​​изјави претходно таа за „Курир“.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

Таа за „Блиц“ призна дека решила да се подложи на оваа трансформација бидејќи пластичните операции го загрозиле нејзиното здравје.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

– Првенствено решив да го сменам изгледот од здравствени причини, поради некои компликации што ги имав со усните. Имаше деформитет и тогаш сфатив дека морам да ги извадам силиконите. Сфатив дека не ми треба толку многу и дека морам да се грижам за да немам уште поголеми компликации – изјави Тијана за „Блиц“ и додаде дека решила да ги извади и силиконите од нејзините гради.

фото инстаграм/ Тијана Ѓуричиќ

-Морам да ги поправам градите, исто така од здравствени причини. Драстично ослабев и многу ме боли кичмата. Чекам да помине овој летен период, поради операцијата, за убаво да закрепнам и ништо друго да не допрам на себе – открива поранешната „кралица на силиконите“ и истакнува дека без разлика на здравствените проблеми, сепак и самата сакала да постигне поприроден изглед.

фото принтскрин

– Никого не слушав ниту во тој период кога ме осудуваа, бидејќи тогаш ми се допаѓаше тоа. Веројатно доаѓа со годините, созреав, помина време и мислам дека не беше баш соодветно, па сега го негувам тој поприроден изглед. Се чувствувам многу подобро, ми се допаѓа повеќе од порано – тврди Тијана и додава дека го привлекува вниманието на посилниот пол.

фото принтскрин

– Момците ми приоѓаат исто како порано, само што тогаш сите ме препознаваа, а сега не. Се движам низ градот и само неколку луѓе ме препознаваат, а тоа ми олеснува. Повеќе не слушам „Еве ја“, истакна Тијана за Блиц.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close