Кафе муабет
Беше во врска со сегашниот на Анастасија го остави и го фати овој згоден фраер- Кое е новото момче кое го освои срцето на Сања Вучиќ?
Се огласи и откри дека не се во врска...
Српските медиуми објавија дека пејачката Сања Вучиќ наводно е во врска со црногорскиот модел и олимпиец Бошко Радуловиќ.
Сања во изјава за „Блиц“ открила дека тие двајца се само пријатели.
-Бошко го познавам преку пријател, а случајно разговаравме по ревијата во која и тој беше учесник. Не дојдов со него. Кога ќе застанам да разговарам со маж, се шпекулира дека сме заедно – рекла пејачката и ги открила своите планови за во иднина:
– Се посветувам на себе и на мојата работа, бидејќи нè очекува напорен период од летната турнеја, објавуваме уште неколку песни, работливи и вредни – истакна таа за „Блиц“.
Инаку, Бошко Радуловиќ е црногорски пливач чија специјалност е слободно привање и пливање делфин. Тој е повеќекратен шампион и рекордер на Црна Гора.
Радуловиќ работи и како модел, а многу девојки остануваат без здив кога ќе ги погледнат неговите фотографии на социјалните мрежи.
Тие двајца за прв пат се појавија во јавност на ревијата на Бата Спасојевиќ, па почнаа шпекулациите за врската на Сања и убавиот Црногорец.
Сања претходно беше поврзувана и со сегашното момче на Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот Немања Гудељ.
Сања Вучиќ за српски Информер истакна дека таа никогаш не била со Немања Гудељ, иако медумите пишуваа дека тие двајца наводно биле во врска шест месеци а раскинале еден месец пред тој да заплови во љубовна врска со Анастасија.
– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Ураган за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.
– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.
Инаку за Сања многумина би рекле дека таа стана популарна преку ноќ, всушност, зад нејзината слава се крие талентот и долгогодишната работа.
Сања Вучиќ посетуваше основно и средно музичко училиште во родниот Крушевац, каде пееше извесно време во црковниот хор и етно ансамбл. За време на средношколските денови, таа настапуваше со разни бендови, но со нејзиното доаѓање во Белграднаправи голем пресврт во музичката кариера.
Прво настапи со бендот „Заа“, со кого сними албум, а како соло пејачка успеа да ја испроба среќата на Евровизија во 2010 година со песната „Збогум“. Таа го зазеде 18 -то место, а по популарниот натпревар, започна да гради соло кариера. Додека таа не стана членка на групата „Ураган“.