Дом и семејство
Беше во брак со најголемиот фраер: Единствена фотографија од свадбата на Лидија Вукичевиќ- погледнете каква невеста била актерката, еве зошто се уште важи за најубавите жени во регионот
Љубовта не издржа...
Каде и да се појави Лидија Вукиќевиќ остава силен впечаток пред се поради својата препознатлива фризура а потоа и поради виткото тело на кое многумина и подзавидуваат.
Актерката Лидија Вукиќевиќ e една од ретките за која може да се каже дека не се сменила речиси 30 години и која според многумина изгледа се подобро со текот на времето.
Лидија не зборувала често за својот емотивен живот во јавноста, што е случај и со нејзиниот поранешен сопруг со кого се развела во далечната 1991 година.
Лидија се омажи на 29-години кога нејзината популарност беше во подем, играјќи ја улогата на Виолета Попадиќ во серијата „Бољи живот“, а тогаш актерката се заколна на вечна љубов на тогаш успешната фудбалска ѕвезда Митар Мркела, па не е чудно што нивната свадба предизвика големо внимание во јавноста.
Млади, убави и успешни, својата долгогодишна љубов ја крунисаа со брак од кој добија два сина, но иако Лидија ја запостави својата глума и го следеше сопругот додека тој ја градеше кариерата во странство, тоа не беше доволно за нивната заедница да опстане.
Девет години по свадбата на Лидија Вукиќевиќ и Митар Мркела, парот се развел, кога нивниот син Андреј бил прво одделение додека помалиот син Давид имал три години.
Ретките фотографии од нивната свадбена веселба сведочат зошто Лидија важи за една од најубавите и најпосакуваните дами во регионот а додека блескаше во снежно бела венчаница иМркела се одлучи за свечено одело кое го комплетираше со повеќебојна вратоврска, која беше многу популарна во тоа време.
Лидија денеска на шега вели дека е среќно разведена, а во интервјуата постојано истакнува дека синовите ги одгледала без ничија помош.
-Сама ги воспитав децата. Јас сум апсолутно и мајка и татко за нив. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се грижелсо нив. Секако дека да, но за мене е поинаку бидејќи живеам сама со нив последните 17 години. Андреј беше во прво одделение во основно училиште, а Давид имаше три години кога се разведовме. Не можам да го поднесам терминот самохрана мајка. И не можам да поднесам да слушам мајка како се жали дека се мора сама да прави – изјави своевремено Вукиќевиќ.
Покрај својата блескава кариера актерката може да се гордее и со успехот на своите синови кои иако не го наследиле уметничкиот талент од својата мајка, сепак се многу успешни во своите професии.
Андреј Мркела, постариот син на Лидија Вукичевиќ, тргна по стапките на својот татко и е фудбалер додека Давид е пилот.
Во една прилика, Лидија откри како ги воспитувала своите синови.
– Бев строга во времето кога требаше да бидам таква. Знаеја дека ќе добијат мал удар по задникот кога ќе го заслужат тоа. Не можам да поднесам разгалени деца кои сакаат се. Затоа, ги научив синовите да бидат разумни. Понекогаш не може да се исполнат сите очекувања. Јас сум секогаш надзорно тело во куќата. Морам во секое време да знам каде се и што прават. Имам апсолутна контрола и над едниот и другиот син – објасни Лидија.
Лидија Вукичевиќ неодамна во емисијата „Магазин ин“ зборуваше за фактот дека, покрај воспитувањето и генетиката влијае врз формирањето на личноста.
– Меѓутоа, без разлика колку е важно воспитувањето, постои генетиката на која не можете да влијаете. И тогаш целиот напор паѓа во вода кога гледам дека наследиле нешто од мене или од мојот поранешен сопруг-рече Вукичевиќ, а потоа се осврна и на таткото на нејзните синови:
– Ми пречи кога ќе препознаам нешто лошо што го наследиле од мене, но повеќето лоши особини ги наследиле од својот татко – рече низ смеа актерката.