Бебе

Бебињата ни се смеат затоа што тие најмногу сакаат да не гледаат среќни!

Бебињата покажаа специфично однесување кога нивните мајки се насмевнаа во споредба со однесувањето кога имаа сериозен израз на лицето...

Малку работи во животот може да не направат среќни како првата насмевка на бебето.

фото илустрација

Според истражувањето на научниците од Калифорнија од Универзитетот во Сан Диего, изгледа дека бебињата совршено разбираат како да не направат среќни.

фото илустрација
фото илустрација

Научниците тврдат дека бебињата свесно им се смеат на своите мајки бидејќи очекуваат да им вратат со ист израз на лицето. Имено, бебињата воспоставуваат ваков тип на комуникација со својата мајка бидејќи сакаат да ја гледаат како се смее, тврдат научниците.

фото илустрација

Студијата беше спроведена на бебиња на возраст од четири до 17 недели и нивните мајки. Научниците сакаа да откријат какви реакции се случуваат кога мајката и детето се смеат истовремено и кога никој од нив не се смее. Тие, исто така, набљудуваа што се случува кога само мајката се смее и што се случува кога само детето се смее.

фото илустрација

За да се измерат ефектите од овие однесувања на мајките и нивните бебиња, научниците користеа техники што се користат во роботиката, психологијата и компјутерските науки. Бебињата покажаа специфично однесување кога нивните мајки се насмевнаа во споредба со однесувањето кога имаа сериозен израз на лицето.

фото илустрација

Бебињата им се насмевнаа на мајките кога тие им се насмевнаа додека ги гледаа во очи што научниците и очекуваа. Во ситуација кога мајката веќе насмеана ќе се свртеше кон своето бебе, се случи спротивното: бебињата не возвратија на гестот.

фото илустрација

Имено, бебињата возвратија само кога насмевката беше спонтана и исклучиво насочена и наменета за нив. Научниците кои го спроведоа експериментот, исто така, потврдија дека е неопходно да се игра со бебињата за да се насмеат. Истражувањата веќе долго време покажуваат дека децата учат со имитација. Нивната перцепција е многу остра уште од рана возраст, и се што правите со нив буди кај детето невролошки одговор.

фото илустрација
фото илустрација

Значи, ако бебето види дека мајката е среќна додека ја гледа, ќе ја копира, ако возрасните ја земат играчката со рака, детето ќе го стори истото. Авторите на студијата посочија дека ова истражување ги воспостави основите на интеракцијата помеѓу бебињата и родителите, нешто што досега не е истражено.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close