Нега и здравје
Бебе доби изгореници, по вина на мајка му – родители внимавајте, ова го има во секој двор!
Пред две години, моето бебе претрпе изгореници од втор степен на над 30 проценти од неговото тело, бидејќи случајно беше испрскано со вода од црево во дворот...
Стејси од Лас Вегас е мајка на три деца која се соочи со голема опасност.
Имено таа на својот Фејсбук профил сподели ужасна слика од нејзиниот деветмесечен син која предизвика бура од реакции.
Стејси имаше цел да ги предупреди родителите за големата опасност што демне во секој двор.
Стејси и денес, две години подоцна, плаче кога ќе ја погледне фотографијата од нејзиниот син кој имал девет месеци за време на несреќата.
Ние ја пренесуваме нејзината објава во целост.
– Секој пат кога ќе ја видам оваа слика, плачам, но мислам дека е важно да ја споделам. Пред две години, моето бебе претрпе изгореници од втор степен на над 30 проценти од неговото тело, бидејќи случајно беше испрскано со вода од црево во дворот.
Потоа пожарникарите издадоа соопштение и предупредување до родителите:
– Црево во градината кое е директно изложено на сонце е многу опасно. Сонцето може да ја загрее водата и да достигне температура до 60 степени, што предизвикува опасни изгореници, особено кај деца и животни. Пред да насочите црево кон некого, задолжително испуштете ја водата за да се олади – гласеше објавата.
Секое лето, исто како и трагичните инциденти со оставање деца и животни во автомобили, се повторуваат приказни со изгореници како резултат на цревото во градината. Меѓу поновите случаи е случајот со мајката која сакаше да го наполни базенот на нејзиниот син Николас со вода. Во еден момент, таа го испрска со вода за да го олади, не сфаќајќи дека водата во цревото е топла.
– Николас почна да вреска и почна да плаче. Отпрвин, помислив дека е само фрустриран што мора да го чека базенот и дури тогаш сфатив што се случило – изјави мајката за медиумите.
Бонус галерија
Најљубоморното бебе на светот
Родителите Криси и Мет Ханекен од Глен Барни во Мериленд на својот Фејсбук споделија видео со ќерката Ел.
Малата Ел ја има најсмешната реакција секогаш кога нејзините мајка и татко ќе се бакнат.
Како што вели мајката Криси, тоа е слабата точка на Ел.
„Таа е тажна секогаш кога мама и тато се бакнуваат“, вели таа.
Погледнете и откријте зошто малата Ел е вирална на интернет.