Кафе муабет
Барбара „pacпали“ по Марина: Тресе глупости, не го користи својот непостоечки мозок!
Барбара и Марина не се во добро односи...
Веќе добро е познато дека новата девојка на Дарко Лазиќ, Барбара Бобак и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ не се поднесуваат.
На почетокот многумина и ги споредуваа, но очигледно е дека ним не им годат таквите споредби бидејќи постојано јавно си упатуваат критики една на друга.
Така сега пејачката Барбара Бобак реши и јавно да признае дека нема добро мислење за неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј.
Откако беше објавено дека Марина Гагиќ наводно ја коментирала бременоста на Барбара Бобак за „Свет“, велејќи: „сега ќе види каков е вистинскиот Дарко“, сегашната избраничка на Лазиќ удри со дрва и камења по поранешната на пејачот.
„Морам само да и кажам дека е подобро да најде некоја работа… Таа би можела да направи нешто паметно во животот“, рекла Барбара на почетокот.
– Има премногу слободно време за да го користи својот непостоечки мозок, па зборува глупости. Постојано си го пика носот каде што не му е местото, и кога никој ништо не ја прашал – налутено додала Бобак.
Марина ќе стане водителка!
Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, поради деловната понуда што ја добила, решила да се пресели во Белград со нејзиниот наследник Алексеј.
Марина наголемо бара стан во главниот град, во кој планира да се пресели до крајот на годинава, а главна причина за ваквата одлука, покрај алиментацијата, е и деловен ангажман.
– Марина ја прифати деловната понуда да биде водителка на нациопнална телевизија. Понудата ја добила пред два месеци, но не била сигурна дека е подготвена да се пресели во Белград. Но, кога Дарко пред судот изјавил дека бара двојно помала алиментација за синот во споредба со ќерката и само затоа што живее во село, таа се скрши и ја прифатила понудата – вели извор близок на Гагиќ и додава.
-Таа бара стан и ја подготвува емисијата. Пари очајно и требаат бидејќи сите трошоци поврзани со детето паднаа на неа и на нејзиното семејство, додека судот не одлучи за висината на алиментацијата. Дополнително, Дарко повеќе нема да има оправдување да ја намали сумата која ја бара за детето.
Марина планира својот син да го запише во градинка во Белград на почетокот на следната година.
– Точно е дека барам стан и дека наскоро со син ми ќе се преселам во Белград. Трошоците околу Алексеј паднаа на моето семејство, што повеќе не можам да си ги дозволам. Добив добра деловна понуда која не смеам да ја пропуштам бидејќи прашање е дали ќе имам други – изјави Марина, а на прашањето дали на таа одлука влијаело барањето на Дарко да ја намали алиментацијата бидејќи Алексеј живее на село, таа рече:
– Не размислував за тоа кога ја донесов одлуката. Познавајќи го, тој повторно ќе најде некоја причина да побара намалување на алиментацијата. Но, сето тоа му оди на душа, еден ден ќе треба да му објасни на своето дете зошто направил разлика меѓу него и сестра му, а тоа за него ќе биде поголема казна од која било судска одлука – истакна таа.
Инаку, Марина ќе води кулинарско шоу, а токму тоа го правеа заедно со Дарко додека не се разделија.
За потсетување, Дарко Лазиќ и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ се сретнаа лице в лице во Основниот суд во Рума, каде се одржа второто рочиште за нејзината тужба за алиментација.
Во судницата наводно дошло до конфликт меѓу поранешните партнери кои не можеле да се договорат за висината на алиментацијата, но и старателството над нивниот син Алексеј.
„Прва дојде Марина, а Дарко доцнеше. Штом почна рочиштето дојде до несогласувања. Дарко веднаш стана и рече дека нема приходи и дека може да издвојува 25.000 динари месечно за детето, на што се спротивстави другата страна и истакна дека дава двојно повеќе за првото дете и дека не е во ред да ги дели децата“, вели изворот за српски Телеграф и додава:
„Дарко стана и рече дека Лорена живее во градот и дека на дете што живее во град му требаат повеќе пари, што тотално ја изреволтира Марина. Таа во своето излагање рече дека е срамно и дека нема да дозволи да го понижуваат нејзиното дете само затоа што живее во село. Дарко стана и рече „Добро, еве, можам да дадам 30.000“ на што таа му врати „не сме на пазар па да се пазариме. Тоа е твое дете““, заклучува изворот.