Кафе муабет
БАРБАРА КАЖА „ДА“: Девојката на Дарко Лазиќ објави среќна вест (ФОТО)
Дарко ја опсипува со подароци...
Пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка Барбара Бобак неодамна отпатуваа во Америка каде напорно работат, но и секој слободен момент го користат за уживање во романтични моменти.
Откако стапија во врска, Барбара ужива во подароците од нејзиниот сакан а за тоа редовно ги информира нејзините фанови преку социјалните мрежи.
Имено, Барбара не можеше да ја сокрие својата среќа и на Инстаграм профилот објави фотографија од скап часовник на раката кој го доби од Лазиќ.
– Реков да!!! – напиша таа во описот на сликата и предизвика лавина реакции.
Девојката на Лазиќ дефинитивно збуни многумина, а дали пејачот наскоро навистина ќе ја изненади со веренички прстен, останува да видиме.
За потсетување, пред извесно време при едно телевизиско гостување тие освоија бројни симпатии од фановите, нагласувајќи дека планираат и семејство. Сепак, Дарко нагласува дека овој пат би одел по ред.
-Прво свадба па дури потоа принова.
– Секако дека планираме бебе! Но, таквите работи не се планираат премногу. Јас и Барбара разговаравме за тоа – рече Дарко во „Пулс на Србија“.
– Здравје, ќе имаме бебе понатаму. Овој пат ќе одиме по ред. Се најдобро за минатото, но поважна е иднината – додаде тој.
Лазиќ откри дека повеќе нема да коментира за неговите жени од минатото:
– Си ветив дека нема да коментирам ништо во врска со поранешните партнерки. Тие се оние кои ме претставуваат во јавноста како неодговорен татко, коцкар и бесен пијаница, јас не го правам тоа. Никогаш не одев наоколу и не зборував лошо за бившите. Тоа не е мој стил, особено што никогаш не би кажал лоши зборови за мајките на моите деца. Барбара е друга приказна. Се сложуваме во сè, претпоставувам дека можете да видите среќа на мене ?! Таа е девојка која не е љубоморна, има силен карактер и верувајте дека нема нешто што би го променил во нашата врска. Можам да кажам, од оваа гледна точка, дека таа е жената со која планирам деца и брак. Дај боже, еден ден и да правиме свадба, верувам и таа го мисли истото затоа што решив да се оженам неа. Сите поранешни се небитни, се женам со Барбара – низ смеа рекол Дарко, па Барбара продолжила.
– Прекрасно ми е со Дарко. Ќе се согласам со се што кажа. Мислам дека предуслов за успешна врска е партнерите да бидат искрени. Ако нешто се крие, лаже и заговара, нормално е дека во одреден момент сето тоа ќе излезе на виделина и ќе настане хаос – рече Бобак, а потоа Лазиќ додаде:
– Сите знаат дека сум бил оженет, како и дека бев во вонбрачна заедница, но никогаш не сум правел свадба со никого, сега ќе направам. Дај боже, да остане вака, Барбара ќе биде единствената жена со која ќе направам голема свадба.