Кафе муабет

Ацо Пејовиќ си ја отвори душата: Подобро добар развод отколку лош брак!

Пејовиќ е во среќен брак со сопругата Билјана...

Ацо Пејовиќ важи за еден од најдобрите машки вокали на Балканот. Неговиот глас може да го слушнеме и во филмот Тома, кој за само неколку дена успеа да ја освои публиката.

фото архива

Пејовиќ вели дека е многу задоволен од оваа година токму поради тоа што на професионален план беше одлична за него. Имено тој вели дека е среќен поради тоа што новата 2022 ќе ја дочека со својата публика.

Сепак, пејачот се осврна и на загубата на негови драги луѓе…

фото архива

2021 година ми беше одлична, задоволен сум, на деловен план ми е најважно да сме здрави, се друго ќе си дојде и ќе си оди“, рече Ацо, а потоа се потсети на тешките моменти оваа година.

фото архива

„Многу ми е жал и ми беше тешко. Многумина што заминаа, од Тозовац до Маринко, сега да не заборавам некого, но многу тажно, навистина ми е жал. Мериме, Мрка кој ми беше пријател, го доживував како дел од сцената, жалам за многу од овие луѓе и мислам дека никогаш не било како последниве две години,  не оставија толку многу луѓе, уметници од различни индустрии, познати личности. Се разбира, сето тоа остави трага, “, рече тој.

фото архива

За се поголемиот број на разводи Ацо вели дека според него подобро е партнерите да се разведат отколку да имаат лош брак. Ацо ја откри и тајната за неговиот успешен брак…

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ
Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ
Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

„Луѓето се разведуваат, тоа се случува. Подобро добар развод отколку лош брак. Луѓето едноставно пропуштаат некои работи, фала богу што имам среќа. Мислам дека најосновната работа во бракот е толеранцијата, да успееш да толерираш некои работи, сите сме различни, сите грешиме, ако не знаеш да ја простиш која е целта на живеење, заеднички живот и се. Толеранција е нешто што мора да го има во  бракот“, заклучува Пејовиќ за Република.

Фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

Го скрши болеста на сопругата!

Познатиот српски пејач Ацо Пејовиќ за прв пат пред јавноста реши да открие како се чувствувал во моментот кога дознал дека неговата сопруга Билјана со која долги години е во брак на крајот на февруари беше тешко болна, но успеа да ја победи болеста.

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

Имено пејачот со солзи во очите во гостувањето во „Преживеани“ на телевизијата К1 прозборе за најтешкиот момент во животот.

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ
фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

– Ми рекоа дека од илјада, само еден преживува кога ќе пукне аневризма. Лекарот кој ја однел на операција ги повика моите деца да ја видат затоа што тоа може да биде последен пат – со растреперен глас со солзи во очите рече Пејовиќ.

Пејачот рече дека тогаш почувствувал потреба да биде насамо со своите три ќерки и да помине повеќе време со нив.

фото Инстаграм/Ацо Пејовиќ

– Некако почувствував потреба да бидам сам со децата. Седев со нив, ги гушкав и им реков: „Можеби ќе останеме без мама, но …“ – рече пејачот и во тој момент почна да плаче пред камерите.

Пејачот Ацо Пејовиќ е во брак многу години со својата сопруга Билјана, со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

фото инстаграм/Ацо Пејовиќ
фото инстаграм/Ацо Пејовиќ
фото инстаграм/Ацо Пејовиќ

Пејовиќ во една прилика истакна дека го слават денот кога Билјана успеа да ја победи тешката болест, и дека тој ден го сметаат за нејзин втор роденден, па секогаш на денот одат во црква да му се заблагодарат на Бог, што таа останала жива.

фото инстаграм/Ацо Пејовиќ

Ситуацијата на Билјана беше критична, а Ацо тогаш беше во неизвесност. Тој стори сè за да и обезбеди на Билјана најдобра грижа. Семејството беше очајно, но, за среќа, сè заврши како што треба.
Затоа Ацо и Билјана од тогаш го прославуваат денот кога таа ја надмина тешката болест.

фото архива

– Не и подарив ништо. Најголемиот подарок за сите нас е што таа е успеа да се избори и да остане со нас. Сега и даваме бескрајна љубов, бидејќи јас и моето семејство не сме материјалисти – рече тогаш пејачот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close