Кафе муабет
АТИЏЕ ОД МЕДЕНА ЗЕМЈА СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН – Погледнете како ја изненади Турунџиева
Атиџе Муратова прослави роденден...
Хероината од филмот Медена земја Атиџе Муратова е постојано актуелна за очите на јавноста.
Фото/Принтскрин
Со паролата ,,половина за мене, половина за пчелите’’, Атиџе ги освои срцата на цела Македонија.
Пред повеќе од година дена таа доби и нова куќа со нормални услови за живот.
Фото/Принтскрин
Скромна, насмеана и мила, таа во една емисија на „МРТ“ зборуваше за почетоците на снимањето на документарецот кој беше номиниран во две категории за Оскар.
Фото/Принтскрин
„Ако навредиш човек што дошол на гости, таа куќа ќе нема бериќет“, вели Атиџе и додава дека се труди секогаш да биде гостопримлива и да понуди макар вода или кафе кога некој ќе и тропне на врата.
Фото/Принтскрин
Кога филмската екипа на „Медена земја“ пристигнала да снимаат таа вели дека бил многу тежок период за неа, мислела и на самоубиство, но била загрижена за нејзината болна мајка па се молела некој да се појави да и отвори врата и да и даде совет што да прави.
Фото/Принтскрин
Снимањето на филмот доживеа голем успех насекаде во светот, а со помош на Мариа Дуда која организирала добротворна акција, собрала средства и ја реновирале целата куќа на Атиџе.
На јавноста ѝ е познато големото пријателство на нашата позната пејачка, хуманитарец, писателка, водителка и наставник по музичко, Сузана Турунџиева со медената Атиџе Мурарова, пчеларката од селото Бекирлија- светиниколско.
Фото/Принтскрин
Во една прилика Турунџиева ќе изјави дека имала силна и уникатна причина да ја сретне Атиџе и да и се заблагодари за поддршката која несвесно и ја дала во еден многу тежок период од нејзиниот живот.
Фото/Принтскрин
По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со Германија.
Фото/Принтскрин
-Атиџе Муратова – хероината од Медена земја, со многу емоции му раскажуваше на германскиот Претседател Франк – Валтер Штајнмаер како од малечка, штитејќи се од пчелите била принудена да го научи нивниот јазик за да може да стане успешна пчеларка, а тој воодушевено ја слушаше и и поставуваше многу прашања за медот, Бекирлија и нејзиното семејство – истакна тогаш Турунџиева.
Фото/Принтскрин
А според тогашните фотографии кои се споделени на Фејсбук се гледа дека Атиџе се расплакала пред германскиот претседател, откако ја понеле емоциите.
Фото/Принтскрин
Турунџиева и Атиџе од моментот на нивното запознавање па се’ досега се неразделни.
– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио – ќе истакне во една прилика Сузе.
Фото/Принтскрин
Неодамна, хероината од Медена земја го прослави нејзиниот роденден.
Сузе и’ го честиташе на оригинален и својствен начин за неа.
Фото/Принтскрин
Таа сними видео со нејзината ученичка Дени која во честитката на Атиџе и’ порача:
Ти посакуваме многу здравје и љубов со мојата корепетиторка Сузана.
,,Денес е роденден на нашата Атиџе, нашата гордост и мотивација. Дени и јас си го прославивме нејзиниот роденден со песна и прегратки’’ – напиша Сузе на Фејсбук објавата и сподели прекрасно видео со нејзината ученичка.
Среќен родеден Атиџе!
Фото/Принтскрин
Фото/Принтскрин