Кафе муабет

АСТРОЛОЗИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА: Еве што не чека до крајот на годината!

Крајот на 2020 година носи нови предизвици

Иако за многумина оваа 2020 година се чини дека донесе повеќе стрес, напнатост, депресија, односно влијаеше на менталното здравје на луѓето, се чини дека крајот на годината ќе ги донесе првите светлосни зраци.

Астролозите предвидуваат дека доаѓаат подобри времиња.

Главниот космички настан, кој ги промени настаните во 2020 година беше спојот на Сатурн и Плутон, што се случи на 12 јануари 2020 година.

Астролозите сметаат дека  2020 година е година е одлучувачка, бидејќи според нив таа ќе ја обликува нашата иднина.

Како што предвидуваат астролозите, Октомври е месецот кој започнува и завршува со полна месечина. Според нив две полни месечини во еден месец е знак дека ќе се случи нешто добро. Полната месечина означува ослободување.

Можно е овој месец да треба да се откажеме од нешто не само на лично, туку и на колективно ниво.

Октомври нуди шанса да ги обработиме сите промени што се случија во нашиот ум, тело и душа од почетокот на годината. Во октомври, се чини дека Универзумот ќе стави рака на нашето рамо и ќе рече: ‘Оставете го сето тоа зад вас.

Ноември е месец кој се опишува со зборот доверба.

Овој месец Астролозите велат дека треба да веруваме во самите себе и да ја пронајдеме добрина во нашиот живот и луѓето околу вас. Фокусирајте се на она што го имате и бидете благодарни.

Гледајте позитивно, и размислувајте за она што сакате да се случи а не на тоа од што се плаите да не се случи.

Насочете ја енергијата кон светлината.

Астролозите сметаат дека овој месец ќе биде нашиот водич.

Декември е месецот кој го означува крајот на годината

foto Hybread

Можеби е лесно да се осврнеме на оваа година и на сите лоши работи што се случуваа, но што е со позитивните работи? Фокусирајте се добрите работи што ви ги донесе 2020 година. Можеби ќе треба добро да размислите за да ги пронајдете, но тие дефинитивно постојат.

Бидете благодарни за секојдневните зајдисонца и ѕвездено небо кои сте ги виделе оваа година. Оваа 2020 година го промени размислувањето и навиките кај многумина.

Иако првиот дел од декември носи одреден преостанат интензитет, тој исто така носи и затемнување на Сонцето. Затемнувањата на Сонцето ја означуваат зората на новиот почеток. Ново поглавје е тука, и тоа ќе донесе чувство на возбуда и надеж кај луѓето.

foto Hybread

Големата врска меѓу  Јупитер и Сатурн ќе се случи неколку дена подоцна, и ќе донесе нова енергија. Ќе се чувствуваме посмели, со надеж и ќе сватиме дека судбината е во наши раце.

Извор: 24 сата

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close