Новости
Арапската принцеза позитивна на коронавирус: Кој е крив за позитивниот тест на Аника?
Манекенката Аника Божич Ал Сарај била заразена со вирусот корона ...
Се разбудив со болка и треска, ден подоцна го изгубив чувството за вкус и мирис. Јас секогаш бев внимателна и се штитев, носев маска, ги следев сите препораки, не знам кога и како се заразив, или каде, вели Аника Божиќ која е една од најпознатите манекенки.
Аника по пристигнувањето од Египет ја дознала лошата вест, дека е позитивна на коронавирус.
Убавата Аника истакнува дека била внимателна и ги почитувала сите мерки на претпазливост, но без оглед на сè, сè уште не е сигурна како се заразила.
Таа рече дека не сака да обвинува никого од нејзината околина за позитивниот тест и апелираше за голема претпазливост.
Аника вели дека не ни претпоставувала дека може да биде заболена од коронавирус, откако пристигна во Белград без никакви грижи и симптоми.
– Засега се чувствувам добро, колку што тоа е можно. Јас сум во домашен карантин, по некое време повторно ќе ме тестираат, се додека не добијам негативни резултати – заклучува Божиќ за „Блиц“.
Инаку Аника е позната на јавноста како Србинка која стана арапска принцеза. Таа е родена во Сремска Митровица, а пораснала во Белград.
Нејзиниот сон била да биде докторка, но со текот на времето се одлучила за манекенството и и може да се каже дека одлично успева во својата работа.
Аника својата успешна кариера ја градела надвор од границите на Србија, а при престојот во во Каиро го запознала арапскиот бизнисмен Јусуф Омар ал Сараж, со кој денес е во брак.
Во една прилика манекенката изјави дека и пречи што ја нарекуваат Арапска принцеза.
– Мојот сопруг не е арапски принц. Неговиот дедо бил претседател, значи тој бил државник, затоа што Палестина никогаш не била монархија, барем не во блиската историја. Дури ниту официјално не е држава. Нажалост, мојот сопруг никогаш не живеел таму, така што тој е Канаѓанин, бидејќи таму го минал целиот свој живот, потенцирала Аника.
Во продолжение неколку фотографии од преубавата Аника која денес живее и работи во Париз…