Кафе муабет

Андрија и ги исполнува сите желби – неговата сакана го покажа трудничкиот стомак!

Идната мајка сака авантури, а за време на бременоста е многу активна и постојано шета...

Познатиот актерски пар Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ го очекуваат своето прво дете и неизмерно уживаат во овој нов и предизвикувачки период.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ
ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Идната мајка сака авантури, а за време на бременоста е многу активна и постојано шета.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ
ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ
ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

“Се чувствува одлично во бременоста, па не и е проблем да глуми, а камоли да патува. Таа е одличен авантурист, ја сака природата и затоа е секогаш подготвена за акција. Бидејќи сè уште не зачекорила длабоко во бременоста, таа го користи секој слободен момент за да шета, надвор е и ужива во убавото време, поради што се согласи да отпатува со Андрија во Унгарија, посочува извор близок до познатиот актер за Блиц.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ
ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ
ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

„Андрија е многу грижлива кон неа и и ги исполнува сите желби. Многу е убаво кога ќе видите колку негуваат почит и љубов и после толку години заеднички живот. Веста дека ќе станат родители само дополнително ја зацврсти нивната љубов, а оттогаш тие се буквално на седмо небо и едвај чекаат ново поглавје поради што го користат секој момент да уживаат во времето заедно и не сакаат да се оптоваруваат со ништо, одморени и на крајот посветени на едни со други“.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

За време на ова патување Александра ја сподели и својата прва фотографија со труднички стомак.

Фото Инстаграм/Алекдсандра Томиќ

Андрија на темата татковоство веќе неколку пати зборуваше во јавноста, навестувајќи дека тој и Александра се подготвени да станат родители, а сега нивната желба се исполни.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Апослутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Го сакам тоа и ќе биде. Животот нас не води на разни страани и патишта, а потоа просто доаѓате до еден момент кога мислите дека тоа е тоа.
Всушност, вистински морате да живеете живот без калулации. Тоа е поентата на приказната. Не можете да калкулирате ништо, а посебно не деца. Се мора да оди од љубов, рекол своевремено Андрија за Курир.рс и откри каков татко ќе биде:

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Немам правило за воспитување на деца. Знам каков ќе бидам – јас ќе се растопам како топла чоколада кон детето.

Андрија Милошевиќ е скромен човек кој во животот имал многу падови и успеси, па така се присети и за своите почетоци.

Гостувајќи во емисијата „Преживеани“ на К1 телевизија зборуваше за своите почетоци и тоа дека на 16 години се запишал на глумачката академија во Црна Гора.

-Сега ми велат дека отсекогаш сум бил таков, но јас не се сеќавам. Знам само дека на приемниот испит на Академијата не знаев ништо за глумата, набрзина го подготвив Његош и уште две песни и тоа беше тоа.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Но, знаев дека сакам на тоа да се посветам и тоа ме водеше, вели Андрија и додава тајната за успехот е да бидеш приземен, но и да верував во своите соништа.

-Никогаш не полетав,никогаш не гледав никој со непочитување. Тоа е мое воспитување кое го носам од дома. Ми се случуваа лоши работи, но никогаш не чувствував лутина, секако дека ме болеше, но не дозволив да преовладуваат моите комплекси.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Тој откри и колку му било тешко кога се преселил во Белград со оглед на тоа дека бил млад актер кој немал голема плата.

-Тие почетоци во Белград колку и да беа тешки и без пари, сепак беа среќни“ вели Милошевиќ и додава:

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

-Ми помагаа колегите и пријателите. Јежда ми подготвуваше појадок, Горан Јевтиќ ми наоѓаше работа, но тогаш кога финасиски ми беше најтешко, јас бев среќен. Живеев во воз една година бидејќи секој ден патував Белград- Црна Гора, за да ги одиграм претставите.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Затоа дојдов на идеја да продуцирам претстава. Позајми пари за претставата „Само за твои уши“ затоа што плаќав стан 200 евра, а платата ми беше 210 евра, вели актерот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close