Кафе муабет
АНА СЕВИЌ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКАТА СЕНА: Објави емотивна фотографија и ги напиша најубавите зборови!
Пејачката пред месец ипол ја доби втората ќерка Сена...
Пејачката Ана Севиќ неодамна се породи и го роди своето второ девојче Сена.
Имено, Ана сега на својот Инстаграм профил објави видео со својата ќерка, која ја доби со нејзиниот избраник Даниел Недеjковиќ и ги растопи сите на социјалните мрежи.
Пејачката цврсто ја држеше ќерката вопрегратки и покажа колку ужива да биде со неа.
„Те сакам“, напиша таа во описот.
Ќерката доби име по грчката божица!
Ана Севиќ и нејзиниот партнер Даниел Недеjковиќ ja добија својата ќерка Сена на 11 декември.
Ана неодамна на својот Инстаграм профил ја сподели и својата прва фотографија од бебето.
Пејачката ја фотографираше својата ќерка како спие во розова постелнина со мечиња, но не го покажа лицето на детето.
Ана откри и како таа го добила своето име.
– Добра вечер, свету! Јас сум Сена Недељковиќ – напиша пејачката.
Името Сена е варијанта од името Селена, кое потекнува од грчки јазик и е име на божицата на Месечината.
За оние кои не знаат Ана веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ, а сега има уште една наследничка со избраникот Даниел Недељковиќ, за кого ова е прво дете.
Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ започнаа да се забавуваат во јануари 2018 година, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ ја известија јавноста дека поднеле барање за развод.
За сега Ана и Даниел имаа стабилна и хармонична врска и важат за заљубен пар кој не го пратат скандали. Парот планира венчавка откако ќе помине пандемијата со коронавирусот.
Се породи пред месец дена а изгледа неверојатно!
Познатата пејачка Ана Севиќ се породи пред речиси месец дена. Имено, нејзината наследничка Сена се роди на 11 декември, а среќната мама сега објави фотографија со која ги воодушеви фановите.
Севиќ направи селфи во лифт облечена во лежерно издание и покажа како изгледа месец дена откако се породила.
Таа позираше во розови тренерки, високи патики и тренди капут, а многумина на Инстаграм го пофалија нејзиниот изглед.
Инаку, Ана од поранешниот сопруг Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, а неодамна за Информер изјави:
-„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé.
Пејачката откри дека таа, Лорена, Сена и Даниел сами ги поминаа празниците…
-Многу луѓе ги изгубија своите животи заради тој вирус. Но за среќа, јас немав корона, а Даниел ја прележа со благи симптоми“, изјави тогаш популрната пејачка и додаде:
„Оваа година ми донесе најголем подарок – уште едно девојче. И покрај се, за мене 2020 година беше мошне убава. Планирам и во новата година да работам на наталитетот. Се надевам дека и другите размислуваат така бидејќи треба да се има што повеќе деца. Лорена е воодушевена што доби сестричка“, изјави популарната пејачка непосредно пред Новата година.