Кафе муабет
Ана Севиќ ја има најубавата елка на естрадата- овој детаљ под елката ги изненади сите!
Пејачката се пофали со раскошната елка...
Пејачката Ана Севиќ се пофали со својата висока и раскошно украсена елка која, како што вели, ја накитила во „женствени“ тонови за своите две принцези.
Ана и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ го очекуваат своето второ заедничко дете, а пејачката одлично се носи со третата бременост, a тоа го покажуваат редовните објави на социјалните мрежи.
Пејачката уживала во украсувањето на елката која има посебно место во домот во кој живее со сопругот и ќерките, но истакна дека имало и такви кои и замериле што немала подароци на подот, туку перници.
„Подароците одат под елката, а не перниците“, „Спуштете ги подароците долу“, напишаа некои корисници на Инстаграм додека на повеќето им се допадна украсениот дом на пејачката што одзема многу време: „Цел ден украсуваш огромни елки…“ .
„Па, само 27 декември. Една „женствена“ елка за моите две туфни“, напиша пејачката.
Инаку Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ со нетрпение ја чекаат приновата во семејството, а сега го открија и полот на бебето.
Имено, Ана треба да се породи кон крајот на март, а радосната вест веднаш ја сподели со најблиските, пишува „Мондо“.
“Ана и Даниел очекуваат момче. Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба за машко дете во семејството. Не се старомодни, се работи за емоционална природа, “, истакна изворот и додаде:
“Даниел го загуби својот брат и веста дека Ана ќе роди син ги израдува сите, почнувајќи од неговиот татко до неговите баба и дедо. Сите едвај чекаат да се роди момчето и многу и помогаат на Ана да ја одгледа Сена, особено откако дозна дека повторно е бремена “.
Да потсетиме, пејачката со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, додека со сегашниот сопруг Данијел Недељковиќ ја има ќерката Сена, чиј прв роденден неодамна го прославија.
За таа пригода пејачката се погрижила се да и биде беспрекорно за нејзината сакана.
Мама Ана направи хит фотографија од Сена која го освои Инстаграм.
Имено Сена завртена со грб седи на столче со потпирач во облик на круна, на кој стои натписот – Сена.
Безброј балони, мечиња и разни други украсни детали ја направија сцената на која главна ѕвезда беше Сена – втората ќерка на Ана Севиќ, која штотуку го прослави својот прв роденден а сега ќе добие и придружба.
„Нема зборови со кои може да се опише мојата радост. Првиот роденден на нашето мало чудо. Сена наполни 1!“, напиша Ана на Инстаграм и сподели фотографии од прославата.