Кафе муабет
Ана Севиќ како милион долари: Пејачката се дотера од глава до пети и блесна во третата бременост!
Ана и Даниел го очекуваат своето второ дете...
Пејачката Ана Севиќ на социјалните мрежи покажа дека блеска во третата бременост.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која е во мини фустан и гордо го истакна трудничкото стомаче.
Ана беше дотерана од глава до пети, како и обично, но овој пат можеше да се забележи дека навистина блеска од среќа.
„Убава трудница“, „Прекрасна како и секогаш“, „Изгледа како да си среќна“, „Секоја чест за линијата“ се само дел од коментарите под објавата.
Инаку, Ана дознала дека повторно е бремена само седум месеци по раѓањето на ќерката Сена, па во март таа и нејзиниот партнер Даниел Недељковиќ ќе станат побогати за едно момче.
На пејачката ова и е трето дете бидејќи од првиот брак со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.
“Ана и Даниел очекуваат момче. Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба за машко дете во семејството. Не се старомодни, се работи за емоционална природа, “, истакна изворот и додаде:
“Даниел го загуби својот брат и веста дека Ана ќе роди син ги израдува сите, почнувајќи од неговиот татко до неговите баба и дедо. Сите едвај чекаат да се роди момчето и многу и помогаат на Ана да ја одгледа Сена, особено откако дозна дека повторно е бремена “.
Да потсетиме, Ана Севиќ се омажи за нејзиниот сегашен сопруг минатата година, на тајна венчавка во село во близина на Шабац, а потоа отпатуваа на меден месец. Во декември минатата година, тие ја добија ќерката Сена, а на крајот на март, уште едно момче ќе се придружи на нивното семејство.
Ана Севиќ ја има најубавата елка на естрадата!
Пејачката пред извесно време се пофали со својата висока и раскошно украсена елка која, како што вели, ја накитила во „женствени“ тонови за своите две принцези.
Пејачката уживала во украсувањето на елката која има посебно место во домот во кој живее со сопругот и ќерките, но истакна дека имало и такви кои и замериле што немала подароци на подот, туку перници.
„Подароците одат под елката, а не перниците“, „Спуштете ги подароците долу“, напишаа некои корисници на Инстаграм додека на повеќето им се допадна украсениот дом на пејачката што одзема многу време: „Цел ден украсуваш огромни елки…“