Кафе муабет

Ана Кораќ објави фотографија од синот: Откако се породи, старлетата целосно смени, сите зборуваат за нејзиниот стајлинг (ФОТО)

Ужива во мајчинството...

Старлетата Ана Кораќ се породи пред околу два месеци а на својот Инстаграм профил секојдневно покажува како ужива во мајчинството.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Таа со своите фанови сподели и фотографии од синот, но со помош на емотикони го крие неговиот лик а исто така не сака да го открие ниту името на наследникот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана пред извесно време на својата приказна сподели фотографија од нејзиното милениче, притоа покривајќи го неговото лице со смајли, а во описот напиша: „Мама, тато, јас“.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Кораќ откри и како таа и нејзиниот партнер, кого го крие од очите на јавноста, го нарекуваат наследникот.
– Жаба на мама и тато – напишала накратко Ана во описот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

На профилот на Кораќ во последните месеци се гледаат само фотографии на кои таа е речиси закопчана до врат.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана името на синот го крие од јавноста а според она што шпекулираат локалните медиуми, името на наследникот е од хебрејско потекло и има силно значење- „дар од Бога“.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Таа не го открива името на синот бидејќи како што истакна со нејзиниот партнер одлучиле да не го експонираат наследникот во јавност.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Се чувствувам одлично, исто како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се надополнуваме и слушаме, јас него и тој мене – рече Ана.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Што се однесува до несоницата, тоа се слатките маки за кои ми раскажуваше мајка ми. Сега целосно ја разбирам. Фала му на Бога, син ми е послушен, добро спие и обврските околу бебето, дали дење или ноќе, не ми се тешки. Штом се разбуди веднаш реагирам и брзо го заспивам. Се адаптиравме, па и јас спијам кога спие бебето. Во меѓувреме завршувам други обврски, но бебето ми е приоритет.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Само кога е потребно некој ми помага околу бебето. Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, но во секое време му подарувам љубов и внимание. Секако, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато – додаде Кораќ.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close