Кафе муабет

Анастасија и Ѓорѓе живееле во дуплекс од 750.000 евра: Еве на кој ќе остане луксузниот стан од 200 квадрати во Дорчол!

Ѓорѓе ќе живее во станот кој го купија...

Денеска како бом-ба одекна веста дека пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, ја раскинала петгодишната врска со Ѓорѓе Кулиќ.

Имено како што пренесоа медиумите наводно причина за крајот на врската било тоа што се помалку време поминувале заедно во Србија поради одвоени патувања и деловни обврски.


Раскинувањето е прашање на заеднички договор меѓу Анастасија и нејзиното момче, а не е поради постоење на трети лица – Анастасија и Ѓорѓе раскинаа на крајно пријателски начин. Во оваа прилика Анастасија нема да дава ниту изјави за јавноста.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Како што дознава Курир од изворот, Ѓорѓе отсега ќе живее во дуплексот на Дорчола каде што живееја заедно, додека Анастасија се вселила кај нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Да потсетиме, тие за овој луксузен стан платиле неверојатни 750.000 евра. Нивното љубовно гнездо зафаќало дури 200 метри квадратни, а станот се наоѓа во нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

-Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.

ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм

Нивните соседи биле големи српски имиња, а меѓу нив бил и актерот Милош Биковиќ.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

За потсетување, Ѓорѓе кој не и беше познат на јавноста пред да влезе во романса со младата пејачка стана интересен за медиумите а јавноста се заинтересира за неговиот живот, а излегоа и многу детали.
Атрактивниот Ѓорѓе Куљиќ го поврзуваа со познати девојки од естрадата, манекенки, наводно дури бил и со старлети, а бизнисменот имал пократки врски во Европа и светот, пишуваат медиумите.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Како што е познато, Куљиќ е богат бизнисмен кој својата кариера ја градел за време на студентските денови во Америка, каде долго време живеел и студирал во Њујорк, а потоа таму започнал бизнис со камиони.

фото архива

И токму од таму почнуваат податоците за неговите претходни љубовни искуства, бидејќи се шпекулира дека имал нешто повеќе од пријателство со тогашната цимерка Ања Стојковиќ, ќерка на Драган Стојковиќ Пикси, која сега е во брак со автомобилистот Хуго Валенте.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Ѓорѓе сака да се дружи, има група пријатели со кои често сака да оди на патувања или излети.
Со Анастасија ги сподели своите интереси за далечни дестинации и незаборавни одмори.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

И покрај опишаниот турбулентен емотивен живот на нејзиниот партнер, Анастасија никогаш не изразила љубомора.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

– Имам среќа што на момците им бев прва или втора девојка, па не размислував за бившите девојки. Сите беа постари од мене, мојот сегашен дечко е девет години постар од мене. Немав на што да бидам љубоморна, сето тоа пред мене беше несериозно – изјави претходно Ражнатовиќ.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Неодамна соседите на парот, открија детали за Ѓорѓе Кулиќ.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

“Тој е опасен бизнисмен, постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерка, секогаш е во кошула, без разлика дали се фармерки или панталони, ми се чини дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат на крајот на вечерта“, вели изворот за Информер.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку Ѓорѓе не сака јавно да се експонира, а младата Анастасија цело ова време ја почитуваше неговата одлука, па малку се знае за неговото семејство, каде пораснал, во какви услови живее.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close