Новости
Александра Радовиќ раскина со него, па сега тој бара утеха во Анѓелка- актерката по разводот има нова љубов!
Актерката е во врска со поранешниот на Александра Радовиќ
Летово медиумите на големо пишуваа за разводот на познатата глумица Анѓелка Прпиќ, која на јавноста и е позната по шоуто „Андрија и Анџелка“ .
Наводно нејзиниот сопруг, Дарио Прпиќ, ја изневерувал со Ава Карабатиќ, но се до сега ваквата вест не беше потврдена од ниту еден од партнерите.
Но се чини дека гласините се вистинити а парот ставил крај на бракот, што се потврди и со последната изјава на актерката Анѓелка.
Сега медиумите пишуваат за наводната врска на актерката и водителка Анѓелка Прпиќ со бизнисменот и сопственик на неколку ресторани во Белград Срѓан Стојановиќ, кој пред неколку години беше во врска со пејачката Александра Радовиќ.
Иако Александра не сакаше да зборува за таа љубов во медиумите, одредени детали потоа стигнаа до јавноста.
Александра Радовиќ и Срѓан Стојановиќ се забавуваа две години, а врската ја завршија летото 2017. Пејачката така одлучи и раскинаа а сега се уште се пријатели и се во добри односи.
– Во последните неколку месеци, Александра и Срѓан имаа различни мислења и ставови за многу прашања. Срѓан сакаше тој и Александра да ја одржат врската и да стапат во брак, без помпа и врева. Од друга страна, Александра сè повеќе размислуваше за разделба, поради што на крајот седнаа да разговараат за сè. После разговорот кој траеше неколку часа, тие сфатија дека не гледаат на иднината на ист начин и дека студените односи меѓу нив не се само привремена криза. Пејачката тогаш рече дека би било најдобро да раскинат и му рече на Срѓан дека е сигурна во својата одлука. Таа искрено му рече дека е бесмислено да ја продолжат агонијата затоа што емоциите биле изгаснати – изјавил тогаш за „Блиц“ извор близок до Срѓан и додал:
– Иако немаа големи несогласувања и расправии, и двајцата беа свесни дека не гледаат на бракот со исти очи. Срѓан мирно го прифати фактот дека сè што градеа две години се распаѓа. Тие се согласија да останат во контакт. Тој и рече дека не сака да ја изгуби како пријателка, што таа го прифати затоа што минала низ многу работи во последните две години. И покрај договорот за разделба, и двајцата тешко го поминаа тој период. Александра дојде во своето училиште за пеење лошо расположена, додека Срѓан ретко се појавуваше во неговиот ресторан.
Срѓан има еден брак зад себе и е татко на три деца, додека Радовиќ има ќерка Нина од врската со Александар Зеремски.
Според медиумите, Стојановиќ сега пронашол среќа покрај Анѓелка, која годинава по девет години брак се разведе од сопругот Дарио Прпиќ, со кого го има синот Јакша.
Според пишувањата, Анѓелка е среќна и задоволна и често седи во барот на своето ново момче.
Анѓелка и Дарио Прпиќ, досега не се огласија по повод разводот.