Кафе муабет
Актерката АНА СТОЈАНОВСКА СЕ СОБЛЕЧЕ СКРОЗ ГОЛА – на градите стави зелки, оваа фотографија ќе ви го одземе здивот
Актерката објави смела фотографија...
Премиерата на најновото филсмко остварување на Маневски, ,,Кајмак’’ се одржa на 16-ти ноември, во среда, во големата сала на Филхармонија во Скопје.
Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почна истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја.
Фото/Принтскрин
„Кајмак“ ќе игра во цела Македонија. Направивме напор филмот да го донесеме во секое кино, каде има техничка можност за прикажување“, кажа продуцентот Јане Ќортошев.
Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна. Весникот Џапан тудеј (Japan Today) го нарече филмот „мрсна сатира“. Манчевски беше во центарот на збиднувањата во Токио, каде одржа и мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката.
Фото/Принтскрин
По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други
Фото/Принтскрин
Актерката Ана Стојановска го привлече вниманието на социјалните мрежи откако објави фотографија од филмот.
Фото:Инстаграм/Ана Стојановска
,,Игра со зелки’’ напиша таа за сцената од филмот.
И секако, зелките на Ана повлекоа доста коментари под сликата:
,,Оваа само за сарма е’’, или ,,Зелка и ребро добро одат’’..
Фото/Принтскрин
Фото/Принтскрин