Кафе муабет
Актерите кои ја освоија публиката со бебе во рацете објавија убави вести! Честитки пристигнуваат од сите страни (ФОТО)
Ја посетија нивната кумашинка Нина...
Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, еден од најпопуларните парови во регионот важат за посветени родители, кои ги обожаваат и ги опсипуваат со љубов своите деца Сташа и Лазар.
Бидејќи се прилично големи љубители на децата, што може да се заклучи од неодамна внимателно организираната прослава за ќерката на која присуствуваа многу деца, не е ни чудо што го обожуваат бебето на нивната кума.
Имено, актерката на социјалните мрежи објави неколку фотографии, направени со нејзината мала кумашинка, во семејниот дом на нејзината кума Марина.
Судејќи по описот на споменатите фотографии на „Инстаграм“, Тамара и Петар ја посетија својата кумашинка Нора, првпат откако таа се роди.
Тие двајца не ја симнуваа насмевката од лицата, очигледно беа многу возбудени, бидејќи нивните деца наскоро ќе имаат дополнително друштво за играње, кога Нора ќе порасне.
За потсетување Тамара ја играше улогата на Силвана Арменулиќ во филмот за Тома Здравковиќ, додека нејзиниот сопруг го играше докторот на Тома.
Венчавката на Тамара Драгичевиќ и Петра Бенчина, е една од омилените и за неа се зборува веќе пет години.
Кога во 2016 година во медиумите стигна веста дека Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина стапнале на „лудиот камен“, со денови се зборуваше за нивната бајковита свадба. И оттогаш, па до денес, нивната венчавка важи за една од најбасните свадби на Балканот.
По желба на Тамара, Петар ја организираше нивната венчавка на Ада Бојана, во присуство на семејството и најблиските пријатели. Секој детал од тој ден беше остварување на сонот на Тамара, а присутните ја окарактеризираа венчавката како најдобрата забава на која биле присутни некогаш.
Тамара во придружба на нејзиниот татко дошла со брод до плажата каде што ја чекал Петар облечен во бело. Матичарот ги чекал на плажата, каде што младенците во присуство на кумовите си размениле бурми и го кажале судбоносното „да“.
-Се чувствував нереално, како во бајка или најубав сон, а кога се приближив до бродот и ги видов сите тие убави и позитивни насмеани луѓе, како изгледа сето тоа на плажа, морам да признаам дека не знам што точно мислев во тој момент. Толку многу позитивни мисли ми се вртеа низ главата… Нешто навистина посебно и неповторливо – рече Тамара за Story.rs веднаш по венчавката.