Кафе муабет

Ако сте во брак со нив вие сте вистински среќник: Ова се најдобрите сопруги според хороскопот!

За овие дами на прво место се љубовта и семејството...

Според астролозите, жените родени во овие три хороскопски знаци се пример за совршена жена. Лојални, вистински домаќинки, секогаш отворени за компромис, добри слушатели, поддршка…

фото илустрација

Проверете дали сте меѓу нив…

1. Рак: топол семеен тип

Раковите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Не е потребно да направите многу за да ги расплачете, а ако сте со нив во врска, очекувајте многу солзи. Иако за себе велат дека не се навредливи по природа. Раковите баш се’ земаат при срце, па со нив ќе поминете многу време изинувајќи се за работи за кои не сте виновни. Инстинктот на Раковите им наложува да направат луѓето што им се блиски да се чувствуваат среќно, пријатно и згрижено. Сепак, бидете внимателни! Ако забележат дека ги земате здраво за готово, ќе станат многу напорни.

фото илустрација

За жените родени во знакот Рак семејството секогаш е на прво место – тие секогаш ги ставаат сопствените потреби зад се останато. Таа во душа е и вистинска домаќинка: кога ќе се омажи веднаш сака да го прошири семејството со деца и да изгради удобно и безбедно гнездо за сите. Згора на се, жените родени во знакот Рак имаат најмалку шанси да ги изневерат своите партнери.

фото илустрацја

2. Девица: менаџер кој има се под контрола

Жената Девица е дама која го цени мирот и токму поради тоа им помага на другите, а за тоа никогаш не зборува. Жената Девица не им помага само на добрите луѓе, туку и на оние кои тоа не го заслужуваат. Таа на таков начин докажува колку добра личност е.

фото илустрација

Кога на другите луѓе им е потребна помош, дамата Девица е секогаш достапна, меѓутоа, кога нејзе ѝ е потребна помош, таа чувствува дека може да се потпре на малкумина, а понекогаш на ниту една личност. Таа многу помага, но другите брзо ги забораваат нејзините добри дела. Ниту малку не е себична и не мисли на себе многу често, толку колку што би требала. Таа попрво ќе им помогне на саканите, отколку да си помогне себеси. Не за џабе оваа жена е споредувана со ангелите, затоа што таа е навистина како ангел чувар на нејзините блиски.

фото илустрација

Девиците – поради перфекционизмот кон кој се наклонуваат – на почетокот тешко е да ги скротите. Меѓутоа, откако ќе се заљубат, целосно му се предаваат на својот партнер. Искреноста и еднаквоста им се важни – ако постои таква врска, тие се среќни – и тогаш тоа го чувствува и нивниот партнер. Девиците секогаш имаат сè под контрола – својот временски распоред, на партнерот и на целото семејство воопшто. Кај нив се функционира совршено, сите се среќни и задоволни.

фото илустрација

3. Лав: лојален партнер кој секогаш се бори за својот партнер

Жената родена во знакот Лав е вистински борец – и тоа го покажува во врска. Таа се обидува да го задржи огнот, но и нежноста. Таа ќе го брани својот партнер од кого било. Покрај тоа, Лавовите се семејни жени, кои претпочитаат да имаат многу деца околу себе.

фото илустрација

Важно е да се каже дека ова е дама на која силата ѝ е најдобрата страна. Кога се во прашање врските, таа сака акција и забава и никогаш не ѝ е досадно. Склона е кон предизвици и во секој момент знае како да ужива на најдобриот можен начин.

фото илустрација

Доколку сакаат да ја задржат, мажите мора да ѝ прават да ѝ биде интересно, затоа што таа не поднесува досада ниту рутина. Ќе даде се’ од себе за да ѝ биде интересно во секој сегмент и на секој можен начин, а сака мажи кои се храбри, а не некои послаби и од неа. Лавиците се паметни жени кои знаат колку вредат. Никогаш не се откажуваат од своите правила и секогаш знаат да го земат најдоброто што им го нуди животот. Важно ѝ е да му пружи задоволство на својот сопруг, но исто така бара и тој да ѝ понуди страст и задоволство. Кај неа нема ништо делумно, туку бара сите работи да бидат совршено подредени. Живее по принципот СЕ’ ИЛИ НИШТО, и не прифаќа ништо помалку од СЕ’.

фото илустрација

Колку е постара оваа жена, толку е поубава и попривлечна. Нема многу вистински пријатели, а има голем број познаници. Секогаш сака да биде во центарот на вниманието, но не ѝ е лесно да каже ТЕ САКАМ.

фото илустрација

Едноставно, кај неа гордоста игра голема улога.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close