Дом и семејство

“Ќе го поминам животот со неа”: Самохран татко посвоил девојче со Даунов синдром откако 20 семејства ја одбиле

Приказната на Лука и неговата ќерќичка Алба го обиколи светот

Лука Трапанезе од Италија е таткото кој со еден смел чекор успеа да ги освои симпатиите на многумина ширум светот.

Имено тој стана самохран татко откако ја посвои малечката Алба која има Даунов синдром, а се прослави откако ја објави својата книга во која го опишува неговиот живот со Алба.

Инаку кога имала само неколку дена Алба била оставена на посвојување бидејќи имала Даунов синдром. Првите 30 дена никој не сакал да го посвои бебето токму поради тоа, дури 20 семејства одбиле да ја посвојат, но на крајот таа го пронајде својот суперхерој татко.

Законите за посвојување во Италија се прилично строги и самохраните родители ретко се одобруваат. Но, поради состојбата на Алба, нормалните регулативи се изменети.

Лука рече дека не плашел ниту една секунда во врска со оваа одлука туку напротив, тој побрзал во болницата да ги пополни потребните документи веднаш штом ќе добие официјално одобрување.

Претходно Лука волонтираше и работеше со деца со попреченост, па сега се почувствува  подготвен да воспита дете со Даунов синдром и со нетрпение чекаше да стане татко.

 

„Кога ја зедов во моите раце, бев исполнет со такво задоволство“, изјави тој за Би-Би-Си: „Веднаш почувствував дека таа е моја ќерка. Знаев дека сум подготвен да станам нејзин татко “.

Лука изјави дека Алба, која сега има година и пол, сака да игра и да запознава нови луѓе.

„Остатокот од мојот живот ќе го поминам со онаа што ја сакам и заедно ќе направиме многу прекрасни работи со мојата Алба, вели Лука.

 

 

Лука е многу активен на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии од неговите авантури со неговата миленичка Алба.

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close