Дом и семејство

Ќерка ми која има 9 месеци ја оставив кај моите родители- нема да верувате што ми направија зад грб: Ми го упропастија детето!

Тој во својата исповед вели дека неговите родители „предизвикале вечна штета“ на неговата ќерка односно нивната внука.

Овој револтиран татко го сподели своето искуство со неговите родители и неговата ќерка која има девет месеци.

Тој во својата исповед вели дека неговите родители „предизвикале вечна штета“ на неговата ќерка односно нивната внука.

Лутиот тато го вели следново:

– Никогаш не ми се допаѓала идејата за дупнување уши на бебињата кога тие не можат да се согласат со тоа или да одбијат. Мојата вереница има дупнати уши, нејзините родители и ставиле обетки уште како бебе, а таа всушност мрази обетки и никогаш не ги носи.Секогаш ми вели дека би сакала ушите да не и биле дупнати.

Затоа, донесовме одлука да не и ги дупнеме ушите на нашата ќерка. Сепак, моите родители не престанаа да зборуваат „колку ќе биде слатка“ со обетки. Им објаснивме дека нашето „не“ е конечно. Меѓутоа, во една прилика кога ја чуваа, тие и ги дупнаа ушите зад грб! Јас сум премногу лут! Тие го уништија нашето дете засекогаш и оттогаш не разговаравме со нив.

Сите велат дека претеруваме со реакцијата и дека не можеме засекогаш да ги одделиме од нивната внука поради некоја таква „ситница“.

Затоа нашата нова одлука е дека мојата ќерка Талија моите родители можат да ја гледаат само под надзор на еден од нас и тие никогаш не смеат да останат сами со неа. Пријателите ни кажуваат дека сме ужасни поради ваквата одлука – дури и родителите на мојата свршеница го делат тој став. Кој е во право тука? – прашува таткото на еден форум.

И членовите на форумот се со поделено мислење – повеќето од нив велат дека неговите родители покажале дека се „недостојни за доверба“, додека други сметаат дека се премногу строги кон нив…

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close