Кафе муабет
Ќерката на Харис Џиновиќ сите ја знаеме, но погледнете како изгледа неговиот син кој никогаш не се појавил во јавноста!
Џина реши да сподели фотографија од нејзинот брат...
Синот на Харис и Мелина Џиновиќ досега успешно избегнуваше да се појавува во јавноста и иако нивната ќерка е голема ѕвезда на Тик ток сепак тој остана мистерија.
Харис и Мелина важат за хармоничен пар кој со години се обидува на своите деца да им даде целосна приватност и да им дозволат тие самите да го изберат моментот кога би се појавиле во јавноста.
Првиот јавен чекор го направи Џина, седумнаесетгодишната ќерка на Мелина и Харис Џиновиќ, кога ги отвори своите профили на социјалните мрежи. Џина тогаш стана вистинска ѕвезда на „ТикТок“, а во тоа ја поддржуваше нејзината мајка.
Сепак, Џина не можеше да одолее да не го покаже на јавноста својот брат Кан, кој со години е целосна мистерија за медиумите.
Синот на Харис и Мелина Џиновиќ порасна во вистинско момче. Згоден, висок и црн, според многумина, Кан наликува на својот татко.
За потсетување, љубовната приказна на Мелина и Харис трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.
Пред неколку дена се појави фотографија која е стара речиси две децении, а направена е само петнаесет дена по раѓањето на нивната ќерка Џина.
Фотографијата стана вирална и не престанува да се коментира. Младите и среќни Харис и Мелина не ја симнуваа насмевката од лицето, а обожавателите на семејството Џиновиќ постојано коментираат само една работа.
Имено, кога ја добија ќерката Џина, Харис Џиновиќ и Мелина, тогаш сè уште Гавриќ, тие беа во врска две години. Вниманието кое го привлекоа во медиумите поради разликата во години падна во заборав, а сите се прашуваа само едно, кога овој пар ќе стапне на „лудиот камен“? Нешто повеќе од една година подоцна, Мелина на Харис му го роди синот Кан, а дури во 2008 година стана госпоѓа Џиновиќ, со сведочењето на нивните кумови Славица Еклстоун и Филип Цептер.