Кафе муабет
ЈОВАНА ЈОКСИМОВИЌ: Докторите ми велеа дека сум “стара мајка прворотка”- се породив на 32 години!
Јована искрено за своето прво породување...
Во утринската програма на тв К1, водителката Јована Јоксимовиќ реши да поразговара со проф. д-р гинекологот Александар Љубиќ и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ, а темата беше дали е предоцна една жена за прв пат да роди дете на 35-годишна возраст.
Оваа тема сама по себе е дискутабилна, бидејќи голем е бројот на мајки кои се решаваат да го родат своето рпво дете на 30 години.
И самата Јована е една од тие, па поради тоа таа истакна дека во клиниката се водела како постара прворотка.
Зоран Миливојевиќ претходно зборуваше на оваа тема, што предизвика лавина коментари, а Јована го праша д-р Љубиќ кои се ризиците да се роди дете по 35-тата година во животот, како и колку е ризична таквата бременост.
За време на дискусијата на таа тема, Јована го сподели своето искуство од породувањето.
– Кога се породив, сите освен јас, на клиниката ме нарекуваа „постара прворотка, а јас се породив на 32 години“ – рече Јована со насмевка.
– О, безобразни – се пошегува Александар Љубиќ.
– Но, тие се биолошки во право – рече Јована после тоа, и лекарот го потврди.
– Вистина, но науката го следи развојот и професијата, и имаме начини да ги квантифицираме тие ризици и да ги доведеме до целосно прифатливи граници.
После тоа, Јоксимовиќ праша дали се сносат поголеми ризици за раѓање на 32 години отколку на 22 години.
– Не, но медицината ни овозможи да ги осознаеме тие ризици и да ги предупредуваме родилките- рече докторот.
Да потсетиме, Јована која е во брак со познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, го роди синот Коста во април 2014 година, а во октомври 2017 година ги роди близнаците Ана и Срна.
Шармантната водителка и Жељко Јоксимовиќ во јануари ја прославија 9 годишнината од брак.
Таа со стара заедничка фотографијата сакаше да сподели со фановите дека прославуваат годишнина од бракот.
Инаку, парот најпрво се венчаше на Малдивите во 2012 година, а две години подоцна и во црква, кога направија и голема гламурозна забава. Тие имаат три деца, а Жељко има и ќерка од првиот брак.