Дом и семејство
Јелена Ѓоковиќ лута и на свекорот Срѓан? Му замери поради oваа непромислена изјава, Новак ја поддржа!
Какви се односите во семејството?
Среде хаосот во Австралија, кој, како што сите знаеме, не заврши во корист на Новак Ѓоковиќ, неговиот татко реши да отвори профил на Инстаграм.
Тоа го направи пред се за да го сврти вниманието на што повеќе луѓе на проблемите со кои тогаш се соочуваше славниот тенисер, а набрзо доби голем број на следбеници.
Моментално има близу 7.000 следбеници, што е одлична бројка со оглед на тоа дека на социјалните мрежи се придружи пред едвај две недели.
Дека Срѓан Ѓоковиќ би можел да стане сериозен инфлуенсер покажува и трогателната честитка што преку популарната социјална мрежа и ја испрати на сопругата Дијана за нејзиниот роденден.
И додека неговата фан страна од ден на ден расте, Срѓан го следат само осум луѓе. Барем засега. Меѓу нив секако е и првиот тенисер во светот, неговиот син. А снаата?
Сите забележаа дека Јелена одамна не била на социјалните мрежи, дека не била со Новак додека тој минувал низ австралиската агонија (или барем јавноста не ја видела), а отсуствувала и на прославата на роденденот на Дијана.
Каков е, всушност, нејзиниот однос со семејството Ѓоковиќ? Има ли вистина во гласините дека таа не се согласува со свекрвата и дека приказната се вжештила по неодамнешната изјава на Новак дека не верувала дека нејзиниот син ќе се ожени со Јелена и дека не ја поддржува нивната исхрана? На крајот на краиштата, ако се е во ред, зошто Срѓан и Јелена не се следат еден со друг на Инстаграм? Многу прашања, без одговори.
Според Story.hr, Јелена наводно му замерила поради една непромислена изјава. Срѓан еднаш за време на гостување во една емисија изјави дека таа и Новак и нивното семејство планираат наскоро да се преселат во Србија, што на Јелена баш и не и се допадна.
– Новак ужива во Белград и едвај чека да дојде. Овде поминува малку време, но уште година-две и ќе биде жител на својот град и својата земја – изјави Срѓан во емисијата „Српски свет“.
После тоа, порталот Свет скандал објави дека Јелена се противела на изјавата а Новак наводно се согласил со неа.
За потсетување, мајката на светски број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ го прослави во ресторанот на нејзиниот син, но на прославата не присуствуваа сите членови на семејството.
Во присуство на синовите Новак и Ѓорѓе, Дијана Ѓоковиќ ги дуваше свеќичките на роденденската торта, без да ја симне широката насмевка од лицето.
Иако зад нив е период на тешка борба, семејството Ѓоковиќ е повторно обединето, а причината за прославата е одлична. Но, и во оваа ситуација не можеше да се сокрие семејниот конфликт меѓу свекрвата и снаата. Имено, додека Сашка Веселинов, девојката на најмладиот Ѓоковиќ беше со својот избраник на роденденот на нејзината идна свекрва, Јелена сепак не се појави, а честитките за Дијана изостанаа и на социјалните мрежи.
Додека сопругата на Новак Ѓоковиќ немо се бореше со болките поради случувањата на нејзиниот сопруг во Австралија, семејството на Новак Ѓоковиќ се бореше на улиците на Белград за неговата слобода. Но, ситуацијата не се променила кога Новак се вратил дома, Јелена продолжила да биде далеку од очите на медиумите, додека Ноле одлучил времето да го помине во друштво на семејството.
Инаку неодамна во јавноста излезе веста дека Јелена Ѓоковиќ досега три пати го напуштила Новак, односно размислувала за тоа, а за да ги надминат кризите во бракот им помогнала ни помалку ни повеќе, туку мајката на Новак, Дијана.
– Јелена никогаш не помислила да замине засекогаш, но имала фази кога веќе не можела да се носи со падовите на Новак и периоди кога тој се повлекувал во себе, па не можел да најде излез – вели извор за „Скандал! и додава:
– Покрај куќата, децата, брачните обврски, водењето на фондацијата, бизнисот, јавноста, таа имаше и подеми и падови со Новак. За време на повредата на лактот, им беше најтешко. Токму во тој период имаше серија порази и многумина го критикуваа. Новак се повлекуваше, не знаеше како да се справи со притисокот на јавноста. Јелена се трудела да го вразуми на разни начини, деноноќно разговарала со него барајќи начин да го врати на патот на успехот, но тој тогаш немал сила. Тоа ја погоди, па му рекла дека ќе си замине и дека нема да се врати додека повторно не се врати стариот Ноле- вели изворот и открива кој помогнал и покрај се да преживее бракот на Новак и Јелена.
-Дијана навреме го почувствува тоа, па беше клучна во решавањето на проблемот. Тогаш многу и помагаше на Јелена околу децата и другите обврски, но и секојдневно ја бодреше. Низ солзи и повторила: „Ајде не паѓај, мора да издржиш, на крајот се зависи од нас жените. Само биди со сопругот и се ќе биде добро. Жената е столб на семејството , ако падне се паѓа.Замисли низ што требаше да поминам додека бевме под кирија и морав да се справам со сопругот и децата и да се борам да преживеам, окупирајте се со тоа што ќе го задржите вашето семејство заедно и сите вие да ги надминете овие тешки моменти заедно“, наведува изворот.
– За среќа, Јелена го послуша советот на Дијана, а подоцна и самиот Новак во документарен филм истакна дека само Јелена го спасила и го натерала да се крене и да се сврти кон природата, мудрите мисли и верата. Јелена успеа да го промени начинот на размислување на Новак, психички да го зајакне, а сега заедно успеаја да надминат се и да станат посилни од било кога.