Кафе муабет

Јелена Розга се отвори и прозбори за тешката болест: Со денови не се чувствував добро, еден момент сосема ми го промени животот!

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад што и променил буквално сè...

Пејачката Јелена Розга, важи за една од најубавите и најатрактивни жени на Балканот. Кога и да се појави таа знае да го сврти целото внимание кон себе со нејзиниот изглед и прекрасниот глас.

фото инстаграм
фото инстаграм

Таа пред извесно време за магазинот Glory зборуваше за своите здравствени проблеми и стресот со кој се соочува .

– Со денови претходно, чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека тоа е од стрес и замор затоа што беше јануари, а претходната година ми беше многу тешка. На денот кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се плашев дека само ќе паднам – рече Розга.

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад што и променил буквално сè.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Најважно е што помалку да се заморувам, не само поради срцето, туку и поради тироидната жлезда. После таа случка во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Досега ги имам направено сите концерти во изминатите три години без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. Сè уште можам да пеам и да танцувам со мојата публика скоро два часа – рече пејачката.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Таа е на терапија со бета блокатори последните три години поради срцето, а со години има проблеми со тироидната жлезда. Тоа е хормонска терапија за која пие апчиња секое утро. А, проблемите ги открила во 2006 година.

– Се будев уморна, постојано се чувствував изморено и истрошено, а почнав и да слабеам. Отидов на лекар и добив дијагноза. Наскоро почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно.

фото инстаграм
фото инстаграм

Овие проблеми многу влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стресот, сè станува потешко.

– Најлошото за мене е кога ќе имам снимање, а јас сум отечена. Тогаш јас неможа да ги препознаам моите раце. Па, тоа е најмалку важно затоа што секогаш можете да ги скриете рацете, но моите очни капаци, очите, устата … Можам да бидам потполно непрепознатлива – искрена е Розга.

Јелена Розга беше член во групата Магазин од 1996 до 2005 година, а во 2006 година ја започнува својата соло кариера. Во детството играла балет.

фото инстаграм
фото инстаграм

По завршувањето на основно улилиште, се запишува во средна балетска школа и почнува да танцува во балетот на Хрватскиот Народен Театар. Балетната кариера ја напушила откако ѝ се укажала прилика да стане пејачка во популарната сплитска група Магазин.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close