Кафе муабет
Ја поврзуваа со Шабан велеше дека со него била 15 години- Еве како изгледа денес Цуца, љубовницата на кралот на народната музика!
Цуца денес е далеку од очите на јавноста...
Пејачката Ивона Неговановиќ Цуца предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи ја поврзуваа со Шабан Шаулиќ.
Имено таа беше натпреварувачка во неколку реални шоуа, а денес Цуца е среќно мажена и речиси воопшто не е променета.
Ивона беше во центарот на вниманието поради наводната љубовна врска со покојниот Шабан Шаулиќ, а по неговата смрт се повлече и не се појавува во медиумите.
По смртта на Шабан таа се огласи за медиумите, го оплакуваше кралот на народната музика, но го покажа и бебето за кое многу се шпекулираше кој е таткото, а потоа исчезна.
Таа денес е среќно мажена, се омажи за својот сопруг во септември 2020 година и објави фотографија од свадбата на социјалните мрежи.
Цуца до ден денес не се променила многу, а на социјалните мрежи редовно објавува снимки од себе како пее. Често изборот паѓа на песните на Шабан, а погледнете како таа сега изгледа:
По сите турбуленции во својот живот поради врската со покојниот Шаулиќ конечно го пронајде својот мир и минатото го остави зад себе, за тоа сведочат и фотографиите на Инстаграм на кои се гледа дека е среќна и исполнета и изгледа како никогаш подобро.
Инаку во едно интервју на пејачката кое го даде по сmртта на Шабан Шаулиќ, таа ги раскажа сите детали за нивната врска.
– Санела и Илда ја соблекоа црнината која се носи во знак на жалост, тие имаат мали деца и им треба секојдневен живот, и јас не ги обвинувам.
Шабан ги обожаваше внуците, особено Лука Аџиќ кој потоа стана млад фудбалер на Црвена Звезда, милион пати го шетавме заедно кога беше мал по трговските центар, му купувавме патики и копачки и никој не знаеше за тоа, ниту Лука некогаш зборувал за тоа.
Во фамилијата каде сопругата на Шабан, Гоца, е главна владее страв во семејството од неа. Најлошото е кога и децата се плашат од мајките.Таа им наметнала со време свој ситем на однесување, ги држи под своја контрола сите финансии.
Сега ќерките Санела и Илда се возрасни, имаат свои животи, но Гоца се прашува за сè. За неа, низ овие 15 години, немам слушнато ниту еден добар збор вели Цуца.
Запрашана од новинарите дали знае што луѓето зборуваат за неа, Цуца им одговорила:
– За мене некогаш зборуваа дека сум се занимавала и со проституција, за да можам да се дрогирам…
Еден ден Шабан ме собра во кола и ме однесе на сите можни испитувања, да ги провери гласините.
Кога и написмено доби дека јас никогаш не сум се дрогирала, тој ме баци по главата и рече “Кој им е*е матер на озборувачите….“ .
Оние што му зборуваа лошо за мене Шабан ги отпиша од неговиот живот.
Таа откри и дека била многу љубоморна, имало моменти кога навистина поради Шабан знаела да направи некоја сцена.
– Точно е дека Шабан имаше многу жени. Знам. Тој понекогаш ги носеше во викендичката во Крчедин.Повеќе пати ми зборувал “Јас ќе се соблечам и ќе легнам до нив а потоа ги испраќам дома. И да се обидувам да те измам и останам со друга, не можам”.
Го знаев тоа, никогаш не можеше навистина да ми биде неверен, тоа беше посилно од него.
– Бев многу љубоморна, имавме само една многу грда ситуација кога можев да направам голем проблем, бидејќи не се контролирав, но Шабан имаше разбирање за тоа и ме поднесуваше, ме сакаше и ја толерираше мојата болна љубомора.
Тој ми призна дека јас сум единствената жена на која бил љубоморен.
Новинарот ја праша Цуца дали поради пари била во врска со кралот на народната музика.
– Никогаш не барав ниту примав пари од него, или да сум барала нешто скапо да ми купува. Тоа никогаш.
Живеев со него заради љубов и тоа беше доволно за мене, имам и син од него. Тој ми носеше храна од нивната куќата и на Гордана, а за мене беше специјално спремена храната која беше потоа донесена во Крчедин, обично беше подготвена од домашната помошничка Вида, па дури и од неговата сестра Сарајка.
Понекогаш се плашев дека неговите можат да ме отрујат на тој начин, но тој не мислеше на тоа бидејќи таа храна беше за двајцата нас.
На прашањето дали и’ е криво што кралот на народната музика никогаш не призна јавно дека ја сака и не застана во нејзина заштита, Цуца одговори:
– Би го дала својот живот за него. Тој ми беше се’… Никогаш нема дадено изјава против мене, се’ правевме договарајќи се. Никогаш не сакав да признам јавно дека живееме заедно поради неговите деца. Тој многу ги сакаше своите деца. Илда е божествено дете. Таа беше нешто посебно во животот на Шабан. На неа и’ простуваше се’, како и мене. Ја викаше Линдина. За неговиот прв син Роберт зборувавме постојано, но тајно, кога немаше никој, па дури и човекот што чистеше и работеше во куќата. Јас во никого немав доверба, а Шабан им веруваше на сите.