MAMA

Ја нарекоа мајка – херој: Жена сакајќи да го спаси синот со лопата копала тунел во затвор (ФОТО)

За копање на тунелот користела лопата и копач

За копање на тунелот користела лопата и копач.

Во Украина, 51-годишна жена се обидела да ископа тунел со помош на лопата, со цел да го ослободи синот, кој е во затвор, а сега и таа самата се соочува со закана да биде осудена на затвор.

Една жена, чие име не се споменува, изнајми куќа во близина на затворот во Запорожје на југот на Украина, каде нејзиниот син издржува доживотен затвор, пишува Дејли Меил.

За копање на тунелот користела лопата и копач, таа копала само ноќе за да не привлече внимание.До моментот кога беше уапсена, таа ископала околу три тони земја.

Локалниот жител Сехеј Пи Pилански рече: „Оваа мајка се подготви темелно. Можеби е ќерка на рудар“.

„Да се ископа три метри длабоко, би било доволно тешко. „Таа немаше багер или нешто слично“.

При претресот на изнајмената куќа, полицијата открила рачни алати за копање.

Жената доби пофалби од Украинците. „Ова е вистинска мајка – не е ниту една од оние што ги напуштаат своите деца“, беа дел од коментарите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close